Груевски: Граѓаните заштедуваат и до 2000 евра со бесплатните проекти за типски куќи

Интересот на граѓаните за проектот за бесплатни проекти за типски куќи е голем. Граѓаните или доаѓаат во Министерството за транспорт и врски или ги симнуваат преку интернет бесплатните проекти, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.Засега има 6 различни проекти за куќи со различна квадратура, но министерот за транспорт неодамна објави дека ќе се направат најмалку уште толку, а според неговите намери и повеќе. Ќе се направат планови за различни дизајни на куќи, квадратура така што граѓаните ќе имаат одлична можност да заштедат околу 2000 евра, истакна Груевски.
Според него за оние граѓани кои немаат доволно средства и не можат да си дозволат да го платата проектот ова ќе биде одлична можност да заштедат.
-За таквата категорија на граѓани Министерството за транспорт и врски и Владата веќе пред неколку месеци објави 6 готови типски проекти за куќи, а сега подготвува уште најмалку 6, веројатно и повеќе од 6 со различен дизајн и големина, рече ГруевскиЗасега има 6 различни проекти за куќи со различна квадратура, но министерот за транспорт неодамна објави дека ќе се направат најмалку уште толку, а

Пронајдете не на следниве мрежи: