Реакција од ВМРО- ДПМНЕ за соопштението на СДСМ во врска со здравствотоНикола Груевски и Никола Тодоров се појавуваат во јавноста бидејќи имаат што да покажат, да презентираат, најават и реализираат.
Така работи ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа го знаат. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од граѓаните поради која СДСМ има уплав од избори.
СДСМ од друга страна не се ни појавува во јавноста, туку се крие зад празните соопштенија полни со неточни информации, огромни лаги и неверојатни измислици.
Во ретките прилики кога ќе се појави во јавноста, СДСМ лаже и фабрикува измислици од фабриките на Чауш и Заев и се надева дека сто пати кажаните лаги на СДСМ некогаш ќе станат вистина. Не стануваат.
И тогаш кога се работи за здравјето и животот на граѓаните, СДСМ не гледа подалеку од сопствениот нос. Затоа СДСМ не е опција за граѓаните на Република Македонија.
Кога СДСМ ќе собере храброст да се соочи со граѓаните, казната ќе биде жестока. 10-ти пат по ред.Никола Груевски и Никола Тодоров се појавуваат во јавноста бидејќи имаат што да покажат, да презентираат, најават и реализираат.