Груевски и Вељаноски изразија сочувство, благодарност од Турција за поддршката

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати телеграмa со сочувство до Реџеп Тајип Ердоган, Претседател на Република Турција.Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати телеграмa со сочувство до Реџеп Тајип Ердоган, Претседател на Република Турција.
-Со длабока тага, шок и огорченост ја примив информацијата за терористичките напади во Истанбул. Дозволете ми да го искажам моето најдлабоко сочувство до Вас, семејствата на настаданите и до граѓаните на Турција за претрпените загуби. Дозволете ми да ве уверам дека македонските граѓани имаат посебна симпатија кон пријателскиот турски народ и се потресени и вознемирени од овој злосторнички чин кој е напад врз човечките вредности. Човештвото е исправено пред сериозен тест. Но ниту Турција, ниту било која друга земја која се бори со тероризмот не може да се бори сама, туку заеднички со своите искрени пријатели да направи стратегија базирана врз мудри одлуки, да делува силно, истрајно и одлучно. Борбата против тероризмот никогаш нема да запре, но не смееме да се откажеме од неа.
И претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска испрати писмо за сочувство до Исмаил Караман, претседател на Големото Национално Собрание на Турција.
– Со длабоко жалење ја примив веста за големата трагедија што се случи по безумните терористички напади во кои животот го загубија голем број невини луѓе на аеродромот во Истанбул, Република Турција. Дозволете ми од името на пратениците во Собранието и од мое лично име да упатам изрази на длабоко сочувство до Вас и до семејствата на невино загинатите од овој грозоморен чин. Искрено се надевам дека ќе најдете сила и волја да се надмине болката предизвикана од загубените животи. Примете ги уште еднаш, Екселенцијо, изразите на мое длабоко сочувство, стои во телеграмата со сочувство.
Благодарност од Турција за поддршката
Министерство за култура и туризам на Република Турција изразува благодарност за искажаната поддршка кон турскиот народ по, како што посочуваат оттаму, срамниот и предавнички напад што се случи на синоќа на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.
– Би сакале да ја информираме јавноста дека веднаш по овој срамен напад се преземени сите безбедносни мерки од страна на државните безбедносни сили и дека од денеска аеродромот е отворен и воздушниот сообраќај функционира нормално, се вели во соопштението од Советништвото за култура и информации од Амбасадата на Република Турција во Република Македонија.Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати телеграмa со сочувство до Реџеп Тајип Ердоган, Претседател на Република Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи: