Исполнето е уште едно ветување од програмата која доби убедлива поддршка од граѓаните, изграден е најсовремен Пет Центар кој е огромен чекор напред во медицинската дијагностика и ќе биде од големо значење за македонските граѓани, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.- Инвестиција од 16 милиони евра и реализиран најсложен здравствен објект во нашата историја, а по валидацијата од 9 месеци ќе биде и на услуга на пациентите. Објектот располага со најсовремена опрема и ќе биде единствен ваков центар на просторот од Истанбул до Виена, што претставува лидерство на македонското здравство и во пошироки регионални рамки и позитивен имиџ за земјата која инвестира во заштита на здравјето на граѓаните. Но најбитно од се е дека ова е проект за луѓето, за да се зголемат можностите за рана дијагностика и за успешност во лекување на болестите кои можат да го загрозат секој човек. Посакувам што помалку да се користи, да има што помалку потреба од него, граѓаните пред се да имаат добро здравје, но во случај на загрозување сега може да се каже дека ќе имаме услови за да се има шанса за подобра здравствена помош и нега, како во светските метрополи. Ова се реални дела, реални проекти, кои може да ги видите и кои се ваш сервис. Продолжуваме да работиме за доброто на граѓаните, одлучно и решително, тоа е нашиот приоритет, напиша Груевски на Фејсбук.
– Инвестиција од 16 милиони евра и реализиран најсложен здравствен објект во нашата историја, а по валидацијата од 9 месеци ќе биде и на услуга на