Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје е петтиот проект кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес го најави како дел од новиот пакет мерки за младите.-Планот е да се добие современ простор кој ќе има мултифункционален карактер односно освен современа читална, ќе има можност за одржување на концерти, културни манифестации и приеми. Оваа читална ќе биде сместена во просториите на зградата до плоштадот Македонија која ќе биде завршена кон средината на 2017, палатата „Дамјан Груев“, истакна Груевски.
Тој објасни дека во моментот кога Владата го дала земјиштето на продажба на јавна електронска лицитација, еден од условите за купувачот е дека првиот кат треба да биде отстапен за државата.
-На овој кат, во еден дел ќе биде сместено новото матично, а во другиот дел ќе биде сместената новата голема читална со мултифункционален простор. Таа ќе биде на површина од 1650 метри квадратни. Дел од просторот ќе биде читална, дел библиотека во која ќе може да се најдат сите книги од проектот „Превод на 1000 книги стручна литература“, како и 130 тома македонска книжевност, „Увезди на светската книжевност“…., а останатиот дел ќе биде наменет за други простории, посочи Груевски.
Во рамки на читалната и библиотеката ќе има и простории во компјутери кои ќе им бидат на располагање на сите посетители, а ќе има и бифе.
-Во мај 2011 година е отворена читалната „1000 книги“ во која можат да се најдат стручни книги и литература. Огромната посетеност создаде потреба во централното градско подрачје да се отвори уште една, нова читална. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на своите заложби за образување на младината и продолжува со обезбедување на неопходните инфраструктурни проекти со кои секој млад човек ќе може да се надградува, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека веќе најавил дека изградба нови читални во Струмица, Велес и Аеродром.-Планот е да се добие современ простор кој ќе има мултифункционален карактер односно освен современа читална, ќе има можност за одржување на концер