Груевски: Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот

– Нашите политики се да им олесниме и да ги поттикнеме родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот, државата да се подмлади и да има на кого да го оставиме сето она што денес го создаваме, порача премиерот Груевски.Владата ќе продолжи со стимулациите за зголемување на повеќедетноста со цел подмладување на државата-ова го вети Премиерот Груевски на поставувањето камен темелник на нова детска градинка во Горно Лисиче- општина Аеродром.
 Тој ги повика политичките опоненти да не се спротивставуваат на изградбата на згрижувачки капацитети за најмалите, информирајќи дека плановите за оваа година се да се изградат 20 нови градинки не само во Скопје туку и во цела Република Македонија.
– Нашите политики се да им олесниме и да ги поттикнеме родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот, државата да се подмлади и да има на кого да го оставиме сето она што денес го создаваме, порача премиерот Груевски.
Говорејќи со јазикот на бројките, Груевски нагласи дека минатата година на ниво на новородени за општина Аеродром, била рекордна, а се зголемил и бројот на третородените деца.
-Во 2008 година во Аеродром имало 30 трети деца, а во 2016 скоро дупло, односно 59 трети деца. Податоците од првите девет месеци од 2015 година покажуваат дека во Аеродром се родени 682 бебиња, што споредбено со другите години најавува дека 2015 година ќе биде рекордна година за наталитетот во Аеродром, истакна Груевски.
Потребата за капацитети за згрижување на децата до школската возраст, е зголемена вели Груевски паралелно со привлекувањето странски инвестиции и запослувањето на што поголем број млади луѓе кои се охрабруваат да формираат семејства. И градинката во Горно Лисиче која им била ветена во септември на граѓаните, за неколку месеци ќе стане реалност. Капацитетот на градинката е за 100 деца кои ќе можат безгрижно да престојуваат во најсовремени услови.Владата ќе продолжи со стимулациите за зголемување на повеќедетноста со цел подмладување на државата-ова го вети Премиерот Груевски на поставувањет

Пронајдете не на следниве мрежи: