Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членови од партијата вечерва во доцните часови ја посети општината Зелениково, каде што во атарот на оваа општина беснеат големи пожари.-Се гледа дека оваа Влада нема акција, како што ние го правевме тоа кога ја предводевме Владата, кога правевме општа мобилизација на сите оние кои што можат да помогнат, кога беа ангажирани голем број на министри, директори и се бараше помош од други држави и се одеше на терен. Јас како премиер и министрите сме преспивале по други градови со цел да бидеме на лице место и да помогнеме и да дадеме елан на сите, а сега гледам дека го нема тоа, оставаат само на помал број на пожарникари и тоа си дава свој последици. Еве 20 дена не можат да ги изгаснат пожарите, во М. Брод веќе имаме една жртва и 5 куќи изгореа и никому ништо, ниту има помош, ниту каде да се сместат, вели Груевски.
Груевски потенцираше и дека унијата на млади сили и на жени на ВМРО-ДПМНЕ се на терен во М Брод каде што им помагаат на жителите и тоа требало да биде дополнителна помош, а не основна, основната и главната помош треба државата да ја направи.
-Ова е големо фијаско 20 дена да имаш вакви пожари, да имаш жртви, изгорени куќи и да ти се загрозени далноводи за снабдување со енергетска енергија е тоа е тешко фијаско и во нормални услови одговорност мора да се сноси, потенцираше Груевски.
Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски вели и дека немаме никаква реакција од Владата и смета дека тие треба да создадат кризен штаб.
-Толкава површина и неколку илјади хектари да изгорат и се уште Владата да не направи кризен штаб е нелогично, бидејќи гори шума која не може да се обнови во следните 20 и 30 години, а да не зборуваме од еколошки аспект.
Командирот на пожарната Скопје вели дека тие се постојано на терен и дека има зголемување на пожарите од минатата година па до сега. Минатата година имало 1.117 пожари за цела година, додека сега до 31 јули има 1.116 пожари.
Влатко Ѓорчев од партијата вели дека ова се едни од најголемите пожари во поновата историја, само во поречието и во Македонски Брод има изгорено 4 до 5 илјади хектари шума до пред два дена, но вечерва веројатно и повеќе. Изгоре огромна борова шума и ова е страшна загуба за Македонија, гори во струшко, кочанско, велешко, Чашка и ова е страшно потфрлање од Владата, вели Влатко Ѓорчев.
Инаку во моментов пожарникарите се на терен и го гаснат настанатиот пожар во скопската општина Зелениково, еве дел од настанатата ситуација таму.
-Се гледа дека оваа Влада нема акција, како што ние го правевме тоа кога ја предводевме Владата, кога правевме општа мобилизација на сите оние кои