Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес на социјалната мрежа Фејсбук објави дека компанијата Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика во Македонија која ќе отвори 1.500 нови работни места.„Уште една извонредна вест за Македонија!
Нови инвестиции. Нови работни места.
Американската компанија Johnson Controls денеска потпишува нов договор за изградба на втора фабрика во Република Македонија. Новиот капацитет на Johnson Controls ќе произведува навлаки за седишта за автомобилската индустрија. Инвестицијата е во вредност од најмалку 20 милиони долари и ќе се реализира ТИРЗ Струмица. Изградбата на фабриката треба да започне во април годинава, а во погоните е предвидено да се вработат околу 1500 наши сограѓани од Струмица и струмичко. Тоа ќе значи и поголем број на индиректни нови вработувања во владината слободна економска зона во Струмица.
Денешното потпишување е практична потврда на тоа што го најавив уште во Август во Струмица. Тоа е практична потврда и на напорите кои ги вложувавме и ги вложуваме за подобрување на бизнис климата. Потврда дека тоа што го ветуваме и говориме, навистина го остваруваме.
Johnson Controls знаат зошто одлучуваат да одат со втора инвестиција во Република Македонија. Со оваа инвестиција во Johnson Controls ќе се вработат вкупно околу 3000 лица. Разговорите со американската компанија не беа ниту кратки, ниту едноставни и се водеа од април до октомври. Еден од круцијалните моменти веројатно беше состанокот кој заедно со Виктор Мизо и нивните претставници го остваривме на почетокот на Мај минатата година.
Нашата програма за привлекување на странски инвестиции и отворање на нови работни места дава резултати и ќе продолќи да дава уште повеќе.
Нека е со среќа!“, пишува Груевски на Фејсбук.
„Уште една извонредна вест за Македонија!
Нови инвестиции. Нови работни места.
Американската компанија Johnson Controls денес