Груевски на увид на новиот објект на Филхармонија и модернизираната зграда на МОБ

Зградата на Македонската филхармонија ќе биде завршена за неколку месеци, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој изврши увид во градежните работи на овој објект.
 Тој посочи дека за прв пат Македонската филхармонија ќе добие сопствена сала по највисоки стандарди, со акустика и сите потребна опрема, со што вработените ќе имаат одлични услови за работа.
Изградбата на нова зграда за Филхармонија чини 35 милиони евра.

Груевски ја посети и зградата на Македонската опера и балет каде беа реконструирани и модернизирани гледиштето и фоајето за прв пат по нејзината изградба во 1983 година.
По 33 години, МОБ доби и нови столчиња со дисплеи на кои ќе има превод до 5 јазици. Само шест театри во светот имаат вакви модерни столчиња.

Македонската опера и балет денеска и утре со почеток во 20 часот организира Гранд гала-концерт со кој ќе го промовира новото гледалиште и фоајето.
МОБ за свеченото отворање најави ексклузивна програма на концертот, под мото „Чувството во живо…во ново руво“. Ќе бидат изведени од класични дела до музика од познати филмови. На сцената ќе има голем број исполнители: оперски и балетски солисти, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл и детскиот хор „Фалсето“ при МОБ.
Диригент е Иван Еминовиќ, режисер Трајко Јордановски, сценограф Зоран Тошевски, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Саша Евтимова, репетитор Лора Тарчуговска.Тој посочи дека за прв пат Македонската филхармонија ќе добие сопствена сала по највисоки стандарди, со акустика и сите потребна опрема, со што вра

Пронајдете не на следниве мрежи: