Груевски најави зголемување на платите и на други здравствени работници

Зголемувањето на платите за медицинските сестри кои завршија факултет со 180 кредити беше наше ветување кое го дадовме до граѓаните и сега се исполнува и порано од ветеното, истакна премиерот Никола Груевски гостувајќи во вестите на Сител.– Во три етапи овие медицинските сестри ќе добијат нова позиција и повисока плата. Тоа беше барање на медицински сестри кои ги сретнувавме на трибините на ВМРО-ДПМНЕ. Следува и зголемување на платите на неколку категории лекари- во Итна медицинска помош зголемувањето на платите ќе биде за околу 2700 денари. Специјалисти во здравствените домови, во Центри за јавно здравје и фармацевтите специјалисти ќе добијат повисока плата за 4000 денари зголемена.  Проценката беше дека откако се зголемија платите на специјалистите во клиниките и болниците останаа овие групи. Тие тоа го заслужуваат, станува збор за промена на колективен договор, рече Груевски.– Во три етапи овие медицинските сестри ќе добијат нова позиција и повисока плата. Тоа беше барање на медицински сестри кои ги сретнувавме на

Пронајдете не на следниве мрежи: