Груевски: Новата инвестиција „Чагатај Кабло“ ќе вработи 200 луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го најави отпочнувањето на градење на новата инвестиција во месец јули во Македонија, станува збор за турската компанија Чагатај Кабло за производство на кабли и електрични инсталации за автомобили, која ќе вработи 200 луѓе. -Инвестицијата Чагатај Кабло вчера се потпиша и ќе почне градбата во месец јули. Станува збор за инвестиција која ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турнија има фабрика од 14 илјади метри квадратни, сега во Македонија ќе започне градба од 6.700 метри квадратни. Ќе инвестира 6 милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза. Ова е првата фаза од инвестирање а тие веќе размислуваат и за втора фаза потенцираше Груевски.
Тој истакна и дека тие се фокусирани на автомобилската индустрија и ќе произведуваат кабли и други електрични инсталации кои што се дел од автомобилската индустрија, индустријата за производство на автобуси, како и возила во градежниот сектор и механизација.
-Најголем добавувач ќе им биде белгиската компанија „Ван Хол“, која што ја привлековме од Белгија да додје во Македонија и да отвори фабрика, така да сега самата компанија е магнет за други компании како што е Чагатај Кабло, која што почнува со градба за еден ипол месец од сега и ќе обезбеди најмалку 200 директни вработувања во првата фаза, рече Груевски.
-Инвестицијата Чагатај Кабло вчера се потпиша и ќе почне градбата во месец јули. Станува збор за инвестиција која ќе се простира на 6 илјади и 700

Пронајдете не на следниве мрежи: