Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски денес оствари средба со Директорот за европски прашања од националниот совет за безбедност, д-р Чарлс Купчан.
На средбата се разговараше за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО Алијансата.
Од двете страни беше искажано мислењето дека политичката криза во Република Македонија трае предолго и дека е неопходно да се најде излез од актуелната ситуација преку одржување на избори на кои народот ќе им даде легитимитет на политичките претставници кои имаат капацитет да ја вратат земјата на реформскиот пат и да се посветат на економскиот просперитет.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ги почитува и реализира обврските преземени од меѓупартискиот договор и дека исто како и претходно, не постојат објективни услови за ново одложување на изборите и натамошно пролонгирање на кризата. Тој нагласи дека е потребен искрен ангажман и од опозицијата за да се создаде амбиент на доверба во кој ниедна страна не би можела да ги оспорува изборните резултати и волјата на граѓаните. Груевски повтори дека изборите се единствениот начин да се излезе од кризата и дека секое ново барање или провоцирање на причини и нови услови за изборите се неприфатливи и одат на штета на државата и граѓаните.
Почнувајќи од обезбедувањето на мнозинство за донесување на договорените законски измени, па се до изборот на членови во ад хок телото за надзор на медиумите, обврски кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ се целосно исполнети. Според Претседателот Никола Груевски без никакви проблеми се одвива и активната регистрација на гласачите за кои СДСМ тврдеше дека се спорни.
Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО алијансата како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Груевски се заблагодари за досегашната поддршка на САД, со што беше договорено интензивната комуникација да продолжи и во идниот период за сите прашања и области од заеднички интерес.
На средбата се разговараше за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стр