Денес (03 март 2016та година) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Брајант Хој Ји.Соговорниците разговараа и за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза како и глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.
Претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на престојните избори, на кој граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата.
Груевски посочи дека од важен интерес за партијата но и за државата е тие избори да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажманот и посветеноста на сите чинители одговорни за процесот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да придонесува за градење на демократски амбиент кој ќе биде во насока на спроведување на фер избори, истакна Груевски.
Груевски посочи дека стратешки интерес е реализирање на евроатланските интеграции на Република Македонија, и станувањето на полноправна членка на НАТО алијансата.
Соговорниците разговараа и за глобалниот проблем со мигрантите и нациите и мерките за нејзино справување.Соговорниците разговараа и за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза како и глобалните предизвици поврзани со