Груевски оствари средби со амбасадорите на Бугарија и Велика Британија

Република Македонија има интерес за развивање и продлабочување на односите со соседна Република Бугарија, бидејќи е взаемен интерес натамошниот прогрес на земјава во евро-атлантските инеграции, беше заклучено на средбата помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Амбасадорот на Р. Бугарија Иван Великов Петков, соопшти денеска партијата.Оттаму велат дека бугарскиот амбасадор Петков посочил оти со потпишување на договорот за добрососедство се затвара едно исклучително важно прашање, а Македонија добива уште еден партнер и поддржувач во нејзините напори за членство во ЕУ и НАТО.
-Претседателот Никола Груевски, позитивно ја оцени волјата на Република  Бугарија да помогне во остварување на овие цели, бидејќи истите се приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ напорно работеше во приближување на ставовите на двете земји за потпишување на фер договор и дека заради нетранспарентноста во која што актуелната влада го водеше процесот сега се вознемирува и општата и стручната јавност. Како партија ВМРО-ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози кои доколку се вградат во финалната верзија, значително би го подобриле договорот и би биле јасен показател за искреноста на двете страни во подобрувањето на односите, посочи Груевски. Според Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ откако партијата ќе ја има на увид финалната верзија на договорот и откако истата ќе биде анализирана во партиските тела и комисии, ВМРО-ДПМНЕ ќе заземе став во однос на истиот, се вели во соопштението од партијата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна и со Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет. Од страна на Груевски, соопштуваат од партијата, беше особено истакнато значењето на брзото зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во оваа насока. На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми со посебен осврт на незаконските чистки и бруталната партизација која што СДС ја спроведува во сите области. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ја потенцираше политичката злоупотреба на СЈО и континуираните притисоци врз судовите за носење одлуки нои не се базираат на аргументи и на право. Исто така, се вели во соопштението, се разговараше и за притисоците врз медиумите кои резултираа со неизбалансирано информирање исклучиво во полза на владеачката коалиција што го загрозува правото на јавноста да добива точни и проверени информации за прашања кои се од интерес на граѓаните.Оттаму велат дека бугарскиот амбасадор Петков посочил оти со потпишување на договорот за добрососедство се затвара едно исклучително важно прашање,

Пронајдете не на следниве мрежи: