Груевски: Отворивме 160.000 нови работни места, ја намаливме невработеноста од 38 на 24 отсто

Нашата најголема заложба останува борбата против невработеноста. Додека ја имаме одговорноста пред граѓаните отворивме нови 160 илјади работни места. Особено ме радува што со макотрпна и беспоштедна работа успеавме да ја намалиме невработеноста и за време на најголемата политичка криза. Тоа го говорат и бројките, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот собир во СЦ„ Борис Трајковски во Скопје.-Невработеноста во време на СДСМ беше 38%, на крајот во втората половина на 2014 падна на 27,6, кризата не не поколеба и ние продолживме да отвораме нови работни места. Невработеноста покрај се со што се соочи нашата држава продолжи да паѓа, до овој период падна на историски најниска 24%. Во последните две и пол година имаме пад на невработеноста од 3.6%, во време на тешка политичка криза. Во месеците кога на опозицијата и беше најважно да ја разградува државата, нам ни беше најважно да обезбедиме економски просперитет, рече Груевски.
Посочи дека невработеноста се намалила токму во периодот кога се спроведуваше и проектот Македонија вработува, еден од најуспешните проекти наменет пред се кон поддршка на домашното стопанство и преставуваше значително олеснување и финансиска поткрепа за фирмите.
-Од овој проект конкретен бенефит видоа 5 категории на лица, невработени млади до 35 години, долгорочно невработени лица од 35 до 50 години, невработени лица над 50 години, невработени лица над 58 години, како и невработени лица со социјален ризик и поранешни професионални војници. Преку овој проект кој стартуваше во април 2015-та година за точно една година се вработија дури 19 илјади лица, при што 10,138 фирми ги искористија поволностите кои се нудеа. Затоа пред некое време овој проект го продолживме и започна со реализација проектот „Македонија вработува 2“ при што досега се нововработени над 1500 лица, односно тоа се 1500 семејства со обезбедена конкретна егзистенција за своите семејства, рече Груевски.
Тој посочи дека и покрај политичката криза во борбата против невработеноста  главен приоритет било стимулирање  на нови инвестиции, привлекување странски компании.
-Ова нешто е скоро неверојатно во ситуација кога државата се мачи со тежок политички проблем наметнат од опозицијата, но ние не се откажавме од нашите намери и ние покрај се овозможуваме нови инвестиции. Само во последните 7 дена се одбележаа 4 големи инвестиции за над 2700 нови вработувања. Се потпиша договор за инвестирање на нова фабрика на германската компанија од автомобилската индустрија СТС текстајл во Велес и тоа преку рестартирање на дел од капацитетите на некогашната Свилара. Официјално отпочна со работа германската компанија Костал во Охрид и тоа во просториите на некогашниот загубар ЕМО, а грчката компанија Цераметал официјално објави дека ќе инвестира во капацитет во Битолско Жабени. Најнова е инвестицијата од Холандија на Инофрут и тоа токму преку превземање на пропаднатиот комбинат Агро лозар од Богданци, со најавени нови инвестиции во нов капацитет за откупно дистрибутивен центар за земјоделски производи како и производство и извоз на земјоделски производи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски посочи дека во претходните две и пол години, многу други компании се одлучија да инвестираат и  отпочнаа со работа во Р.Македонија.
-Американската компанија Аутомотив во текот на 2015 година започна со работа во ТИРЗ Скопје 1. Инвестицијата е во вредност од 15 милиони евра за најмалку 400 нови работни места. Американската компанија Делфај Електроник во текот на 2015 година ја објави својата одлука за инвестирање. Компанијата започна со работа во 2016 година во ТИРЗ Скопје 1 и финалната бројка на вработени ќе биде 500 работни места. За десетина дена започнува првата фаза од инвестицијата на италијанската компанија Јуроп Шок Абсорберс дел од групацијата Монтанте, производител на амортизери за шински возила, камиони и автобуси, вкупната сума ќе изнесува 10 милиони евра за нови 100 вработувања, со изгледи оваа бројка да достигне до 400 вработувања, рече Груевски.
Посочи дека оваа година се започна со градба на фабрика во ТИРЗ Скопје на првата домашна компанија Хај Тек, чиј капацитет се очекува да биде функционален до крајот на 2016 или најкасно на почетокот на другата година. Инвестицијата изнесува над 20 милиони евра и ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица. Истовремено се потпиша договор и со Технопласт која исто така е домашна компанија која ќе почне да гради до крајот на годинава.
-Италијанската Технохозе оваа година го комплетираше вториот инвестициски проект во Македонија со дополнителни 11 милиони евра инвестиции, кој предвидува дополнителни 150 вработувања. Италијанската компанија Макдиа, дел од групацијата Диатек, за производство на производи за дигитално печатење и хартија за текстилна индустрија во 2015 година започна со производство во ТИРЗ Скопје 1, вкупниот број на вработени  ќе достигне 200. Герман Електро Мехатроникс компанија за електрични уреди за обновлива енергија потпиша договор за инвестирање на почетокот на оваа година. Изградбата на фабриката е во тек, а вработувањата ќе следуваат во текот на наредната година. Планирана е инвестиција од 15 милиони евра и 200 вработувања. Белгиската Ван Хол, во април оваа година започна со реализација на втората фабрика, инвестиција од дополнителни 15 милиони евра и уште 400 нови вработувања,  а во моментот постојниот капацитет работат над 800 луѓе. Германската Техникал Текстајлс на крајот на 2015 година започна со производство во новоизградениот објект во ТИРЗ Штип, инвестиција која носи 1000 вработени. Италијанската компанија Кондево во 2015 година започна со изградба на производствениот објект во Штип, каде инвестицијата се проценува во висина на 40 милиони евра. Изградбата е завршена и се очекува да започне со работа во првиот квартал на 2017 година. Во наредниот период е предвидено вработување на најмалку 250 лица, рече Груевски.
Тој посочи дека во јули оваа година во Прилеп почна со работа и компанијата Гентерм, инвестиција вредна 20 милиони евра во која  моментално  се вработени над 550 лица, а до крајот на годината се очекува бројот да се зголеми на 650 вработени, по што финалниот дел е оваа бројка да достигне  2000 вработувања.
-Исто во Прилеп во завршна фаза е и изградбата на фабриката на германски Акомпласт. Инвестицијата е во износ од 3 милиони евра и предвидува 150 вработувања. Оваа година во Кичево почна со работа и еден од најголемите светски производители на сигурносни производи за автомобилската индустрија Ки сејфти Систем која ќе вработи 1000 вработени. Покрај ова се привршува и градбата на фабриката на Германската ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, инвестиција од околу 1000 вработувања и планот за околу еден месец да почнат со преселување од адаптираниот објект во кој сега работат околу 200 вработени, во новоизградената фабрика. Американската компанија од автомобилската индустрија Џонсон Контролс  која ќе донесе 1500 нови вработувања оваа година почна со градба на фабриката во Струмица. Американската компанија од автомобилската индустрија Леар, по пробното производство во изнајмен постоечки објект во Гостивар  од втората половина на 2016 година работи во производствен погон во ТИРЗ Тетово. Тековно се вработени 450 лица, а планирани се вкупно 2500 вработувања. Исто така канадската компанија One Contact минатиот месец почна со работа отворајќи кол центар во Скопје при што планира да вработи 200 лица. Германската компанија Кеслер на почетокот на годината објави дека ќе отвори центар за истражување и развој во Македонија. По извршениот процес на селекција, првите инженери се испратени на обука во центарот на Кеслер во Германија. Американската компанија Амфенол која има две фабрики во Кочани и три производствени погони, почнуваат со подготовка за градба на нова 3-та фабрика и четврт погон која треба да биде готов наредната година. Вкупната бројка на вработени треба да достигне 2500 луѓе во сите 4 погони. Бугарска компанија за производство на транзистори Филкаб финишираше со градба на својот капацитет и во наредниот период ќе започне со носење и внесување на опремата во халата, и ќе бидат ангажирани 100 вработени. Во 2015-та година започна со работа и ирската компанија Баракуда лидер во истражување и развој на деловен банкарски софтвер, како и Епл Ленд од Дубаи отвори во Ресен, нов откупно дистрибутивен центар за овошје, рече Груевски.
Груевски рече дека инвестициски циклус имаше и во македонското рударство.
-Компанијата „Сардич MЦ“, по двегодишни истражувања почна со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е вредна 35 милиони евра. Инвеститорот е заинтересиран и за дополнителни истражувања за два нови капацитети каде истражувањата се во тек и се со планови за инвестиции за експлатација на руда и за овие две концесии. Се рестартираше и рудникот за олово и цинк во Пробиштип, а следен е и рудникот Тораница. Се очекува согласно најавите да почне и градбата на Иловица, инвестиција од 500 милиони долари, рече Груевски.
Ова се само дел од инвестициите само во периодот од кога почна политичката криза,  од јануари 2015та до денес.
-Додека се справуваме со деструкцијата и манипулациите  на СДСМ и нивните НВО, паралелно работевме турбо, со сите сили да ги исполниме ветувањата, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.-Невработеноста во време на СДСМ беше 38%, на крајот во втората половина на 2014 падна на 27,6, кризата не не поколеба и ние продолживме

Пронајдете не на следниве мрежи: