четврток, 12 ноември 2026
Најново

Груевски присуствуваше на свечената академија по повод празникот Свети Сава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Груевски присуствуваше на свечената академија по повод празникот Свети Сава Оваа година веќе се одбележуваат 9 години од официјалното воспоставување на 27 јануари како празник и неработен ден за српската заедница во Македонија. 9 години во кои заеднички го одбележуваме, 9 години во кои заеднички прославуваме. Тоа е нашата трајна определба, определба за почитување, одбележување и негување на сите идентитетски обележја на заедниците во Република Македонија.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој вечерва присуствуваше на свечената акедемија по повод празникот Свети Сава и упати срдечни честитки по повод празникот.
-Тоа е во кодот на нашиот народ, затоа што во нашата историја, но и во нашата сегашност Македонците добро знаат што значи да бидеш почитуван и респектиран, но исто така знаат и што значи да бидеш омаловажуван и деградиран. Токму затоа сите овие години наназад ние градиме општество базирано на почит и соработка како позитивен пример за тоа како треба со другиот со кој имаш извесни разлики, но и многу сличности. Тука пред се мислам на народите со кои делиме иста историја, ист животен простор, исти маки, цели и предизвици. Единствен оговор на ваквите прилики на Балканот е меѓусебното почитување.
Ваквите празници, според Груевски, се одлична прилика да се истакнат заложбите за заеднички придонес кон исполнување на сите цели кои се од значење за Македонија, македонскиот и српскиот народ.
-Српската заедница во Македонија од секогаш била значаен фактор која активно придонесува во општествениот, економскиот и политичкиот развој на нашата држава. Уверен сум дека таквата позитивна улога и понатаму ќе биде обележје на српската заедница и заеднички ќе продолжиме во сите идни предизвици, а пред се во делот на идните мерки и проекти за обезбедување на економскиот раст на државата, подобрување на стандардот на граѓаните и ртеализација на сите реформи кои значат напредна, модерна и перспективна Република Македонија, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски изрази уверување дека ќе продолжат сите потребни активности кои значат мост на соработка помеѓу Македонија и Србија во делот на културата, економијата, трговијата, глобалните предизвици, меѓународната безбедност и сите останати полиња во кои имаме заеднички интереси.
-На тој пат нашите народи се наша водилка, а ако погледнеме кон таа водилка ќе видиме дека има голема блискост и голема почит. Така нека биде и во иднина, тоа нека биде и порака за идните генерации, порака за заедништво, за почит и за силна меѓусебна соработка.Оваа година веќе се одбележуваат 9 години од официјалното воспоставување на 27 јануари како празник и неработен ден за српската заедница во Македон

Поврзани вести