Само запрашајте се за кого треба да гласам и што тој човек може да направи и да понуди за сопствениот народ и за сопствената држава. Реално, што може да направи, што може да понуди, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање вчера на Годишната конференција на Унијата на жени мна партијата.-Прво, тргнаа да се казни и понижи дијаспората, да нема ниту еден пратеник ако е можно. Причина, зошто? Затоа што гласале за ВМРО. Второ, Десен блок ќе направиле. Шарена револуција трето, десницата да се занимава со самата себе, ВМРО да се занимава со ВМРО, а реално тоа се неколку луѓе кои треба да одработат за Заев, да отцепат некој глас од ВМРО, далеку од доволно тие да имаат свој пратеник, но со надеж дека ќе е доволно ВМРО да загуби некој пратеник, и центар и лево да опфатат колку што тие можат. И нормално Катица да е здрава и жива да си штанца пријави по секаков основ и да држи прес конференции за тоа во целиот изборен период со измислени обвинувања без вина и без правен основ и докази. Може ќе добијам и едно обвинение денеска што на настанов сме собрани многу повеќе од СДСМ. Чисто онака колку да не се без работа. Колку да си ја заработи платата жената, највисоката во државата, плата. Па не за џабе буџетот им е 4 милиони евра.Па внук и мора да земе плата овој месец, да ја заработи, исто и уште 100-тина Сдсмовци вработени таму, нивни роднини, комшии и пријатели кои нели го ,,зајакнуваат капацитетот,, на СЈО, рече Груевски.
Тука, рече Груевски, кога ќе размисли човек СЈО има се повеќе значителен удел во намалување на невработеноста во Македонија. Па собраа куп луѓе, ем членови на СДСМ, ги згрижија имаат одлични плати. „Како порано не ни текна да направевме повеќе СЈО-а, да ја намалевме невработеноста во земјата“.
-Освен супер активно СЈО, со штанцање на пријави и обвинувања, кои веќе се прочитани од народот и немаат ниикаква содржина, освен притисокот кој во континуитет ќе го вршат врз судиите и од тука и од надвор, освен ветувањето за се и сешто кон народот од страна на Заев и неговиот криминален клан, освен уфрлувањето на разни преваранти, криминалци и бивши разузнавачи да направат забуна пред изборите, и осмислените и советувани други два блока кобајаги трети патишта, чија единствена употребна вредност ќе е да направат барем мала штета на ВМРО, што секако нема да им успее бидејќи веќе се прочитани, сите се од нив веќе прочитана книга, не се нови во политиката. Стратегијата дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, во овој изборен период, ќе се соочиме и со ситуација како оној случајот со криминално полициската хајка против Диме Спасов во која за среќа ги видовме снимките и се ни е веќе јасно. Откако пропадна операцијата со производителот на фалсификати наречен Чауш, сега не треба да се изненадиме ако во овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО. Ако имаше се уште некој што мислеше дека борбата да имаат министер за внатрешни работи пред избори е со цел да осигураат фер и демократски избори, сега веќе, после Чауш, после опколувањето на МВР со партиски алфа полицајци, всушност докажани криминалци, и после хајката врз Диме, мислам и на последниот човек во земјата се му е јасно. Снимките така јасно одговорија на се, што немам што да додадам, освен да замислам само што ќе се случеше ако беше обратно, ако МВР или министерот за внатрешни работи беше од ВМРО, а дополнителниот заменик за труд и социјална политика беше од СДСМ, а се другото да останеше исто, односно да се случеше истото, рече Груевски.
Прво, подвлече Груевски, јунаците од СДСМ со трчање и плачејќи ќе отрчаа во сите можни амбасади во земјата, веднаш во првата минута.
-После некој од амбасадорите мераклии да водат политика преку Твитер ќе твитнеа некоја порака, некоја порака ќе испратеа по твитер, и ќе побараа итна средба за пола саат кај мене, а првата реченица ќе им беше дека нивните главни градови се загрижени, згрозени и шокирани. Небаре цели главни градови за нас расправаат таму. Потоа за саат-два ќе твитнеше најверојатно некој комесар или некој странски министер во поддршка на амбасадорите, онака случајно и несинхронизирано. Следат ситуација луѓето и им текнало баш за тоа. Потоа најмалку пет амбасадори ќе прочитаа нешто под прозорот или во Владата или во штабот, кај што сум сега, во смисла дека демократските процеси се загрозени, дека се многу загрижени, дека очекуваат решително расветлување на случајот, дека ќе влезе во сите можни извештаи на свет и препораки, дека ќе има одговор, санкции и други работи од добро познатиот вокабулар на слични реакции. До вечерта и сигурно и едно, два три министри за надворешни работи на други држави ќе изразеа сериозна загриженост, осуда, предупредувања, одблиску ќе следат што ќе се случи, одблиску мониторираат, па дека ова не оддалечува од НАТО, не оддалечува од ЕУ, рече Груевски.
Од утредента, рече Груевски, сите НВО на еден познат светски филантроп ќе се изредеа, и нивните домашни платеници ќе се испотепаа кој повеќе да нападне и исплука небаре хонорарот што треба да го добијат и заработат е по учинок.
-Во целата таа гужва, драги пријатели, најсреќен ќе беше СДСМ и Зоран Заев. Ете ти причина пак да не одат на избори, да најават бојкот, и Заев со неговото познато викање кога збори на прес конференција со 45 луѓе зад него ќе го најавеше излегувањето од изборниот процес. Платениците што шараат низ градот, веќе ќе се развозеа со бои во комбињата и ќе ја прославуваа новата шанса за хонорар од филантропот и неговите поддржувачи. Во многу европски медиуми каде филантропот има контрола или влијание ќе се пренесеше ужасната слика на режимската власт и кутрите слободоумни опозиционери, а ако случајно ВМРО не одговораше веднаш дека ќе ги одложи изборите, Али, Мендух, Љубчо, Љубе веднаш ќе објавеа дека и тие нема да учествуваат на изборите. Нормално, на ова, на оваа објава ќе се јавеше веднаш Павле Трајанов, ќе објавеше дека тој пред сите прв објавил дека нема да учествува на изборите, дека не е он петти, дека е прв. Така што, нормално на ова ќе се налепеа разни маргиналци и платени новинари и аналитичари, по некој залутан Владика во политиката, по некој глумец, пејач, спортист, лекар, бивш претседател на суд, професор итн. за да е разноврсно, да не е само од едни. И навреме да фатат приклучок кон новиот колач хонорари или да одработат некое идно наградување, рече Груевски.
Ама бидејќи сега е обратна ситуацијата, нагласи Груевски, од амбасадорите, комесарите, министрите и слични на нив имаме молк, ни траг ни глас, никаде ги нема, не сакаат луѓето да се мешаат во внатрешните работи на една суверена држава нели, не се они такви.
-А од овие домашните почнаа битка за одбрана на криминално полициската хајка. Значи срамната одбрана мора да е со домашни сили, тие нека се брукаат, па џабе ли се платени? Ете тоа е Македонија, тоа е Македонија во ова време, драги пријатели, тоа се тие двојни стандарди, двојни аршини. Но тука е и народот единствениот и најважен амбасадор, за нас од ВМРО-ДПМНЕ. Единствениот и најважен амбасадор на којшто ние се потпираме, гледајќи со што се се справуваме, ќе стави крај на целата ова игра, и не само тоа, туку казната ќе е со камата, за малтретажата во овие две години на сите граѓани, и изгубените шанси за нови инвестиции и уште поголем напредок на земјата. Казната ќе е со камата на 11-ти декември, рече Груевски.-Прво, тргнаа да се казни и понижи дијаспората, да нема ниту еден пратеник ако е можно. Причина, зошто? Затоа што гласале за ВМРО. Второ, Десен бло