Груевски: Само преку дијалог може да се излезе од сегашната криза

Повикувам да се прифати иницијативата на претседателот Иванов за средба на партиските водачи, со цел изнаоѓање институционално  решение по мирен пат, без дополнителни штети за државата и за нејзините граѓани. Само преку дијалог може да се излезе  од сегашната криза. Се друго води кон хаос и штета на државата. Потсетувам дека во повеќе наврати јавно говорев за можните ризици со ваквиот однос на СДС и нивните партнери, зиајви вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Истовремено, ги повикувам сите граѓани на Македонија, да не подлегнуваат на провокациите на СДСМ. Правото да се протестира е загарантирано со устав, но очигледно некој вечерва сакаше да предизвика хаос и за тоа да го обвини ВМРО-ДПМНЕ, а штетата врз Македонија да ја претвори во своја партиска и политичка  добивка. Народот има право да си ја чува и брани земјата. И тоа никој не може да му го оспори, но навлекувањето на насилни методи на физички пресметки оди на директна штета на Македонија и на сите нас во неа, рече Груевски.
Оние кои го правеле сценариото за денес, нагласи Груевски, очигледно посакувале да има насилство со цел истото да го стави во сенка незаконското, противуставно и против деловничко бирање на претседател на Парламентот, со класично ,,силување,, на парламентот и државата.
-Нивната цел е никој да не говори за тоа, туку за насилствата направени од поединци, и притоа прстот да се впери кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое нема никаква поврзаност со овие настани. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ осудувајќи го насилството повикува да не се кријат зад тој чин на поединци, за она што подолго време го најавуваа од СДСМ, а денеска го сторија. Повикувам до граѓаните, независно дали се Македонци, или Албанци или Турци, Роми, Срби, Бошњаци, власи, останати да останат присебни, да не наседнуваат на можни провокации на поединци или групи, а исто така на политичарите да не превземаат дејства кои би предизвикале меѓуетнички тензии, рече Груевски.
-Истовремено, ги повикувам сите граѓани на Македонија, да не подлегнуваат на провокациите на СДСМ. Правото да се протестира е загарантирано со уста

Пронајдете не на следниве мрежи: