Груевски: Се вложивме во подобрување на здравството и ќе продолжиме во таа насока

За секој град во државата ќе бидат набавени апарати во здравството, односно вкупно 3.700 во вредност од околу 33 милиони евра, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Потсети дека пред десетина години кога ја добиле одговорноста од граѓаните, постоеше децениска запоставеност во неколку клучни области и сфери. Една од најзапоставените беше токму здравството.
-Затекнавме децениски стари објекти, во најголем број случаи немање најосновна опрема и апарати, а и она што се имаше беше застарени апарати, добиено како донација, апарати вон употреба и долги листи на чекање, корупција вклучувајќи и корупција за најелементарни работи од типот да дојдеш на ред за некој апарат, недостиг на лекови, континуирано запоставување на кадровски план е на кратко сликата која беше затекната во овој ресор. А токму здравството е еден од клучните сегменти за граѓаните, бидејќи тука се работи за здравјето на луѓето, нешто што е од непроценлива важност за секое општество, и за секој човек. Постигнувањето на квалитет не е возможно без инвестиции во нова опрема, апаратура и висока технологија, нешто што како процес го отпочнавме пред неколку години  и се одвива паралелно со зајакнувањето на кадровскиот потенцијал и создавањето на современи просторни услови, потсети Груевски.
Додаде дека опремата која ја набавивиле ги следела најсовремените стандарди. Со тоа, како што подвлече, драстично се влијае на подигнување на квалитетот, но и прецизноста во дијагностицирањето на многу болести, но и возможноста воопшто да се прават некои интервенции, намалување на долгите листи за чекање,  кои во минатото значеа загубено здравје на луѓето, но и пари од буџетот, бидејќи колку подоцна се дијагностицираат некои болести толку поскапо е лекувањето, како и маките на болните од секој аспект.
-Набавката на нова опрема продолжи и во периодот на најголемата политичка криза, затоа што навистина има многу да се надомести. Во овие две и пол години набавивме 11 нови дигитални мамографи од најнова генерација и најсовремена технологија, со што значително ја унапредивме оваа дијагностика и ја доближивме до женската популација, со цел рано откривање и навремено третирање на карциномот на дојка. Во тек е и набавка на уште 3 дигитални мамографи, од кои бенефит ќе имаат жителите на едни од најголемите градови во државата, меѓу кои се Битола и Куманово. Обезбедивме 3 нови апарати за компјутерска томографија, кои веќе функционираат и опслужуваат голем број пациенти во Универзитетската клиника за неврологија, Градската општа болница „8 Септември“, а за првпат оваа дијагностичка процедура ја воведовме на ниво на Здравствен дом Скопје, во поликлиниката Јане Сандански, потсети Груевски.
На Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина беше набавен најсовремена CT гама камера, која овозможува многу попрецизна и побрза дијагностика кај пациентите.  Со набавката на нови ангиографи во изминатите неколку години, се прошири и зајакна мрежата на интервентна кардиологија низ државата. Со тоа се овозможипациентите со инфаркти да добијат навремен третман, најблиску до местото на живеење, бидејќи во таквите случаи и секундите значат живот.
-Со новиот ангиограф во ГОБ „8 Септември“ овозможивме покрај интервентна кардиологија, да се работи за првпат во установата и интервентна радиологија. Воспоставивме и успешно функционира мрежа на центри за интервентна кардиологија. Нашата тенденција е да ги доближиме до граѓаните интервенциите како коронарографија и стентирање, кои се клучни за спасување животи кај лица со срцеви инфаркти, и на тоа посветено работевме изминатиот период. Овозможивме овие интервенции покрај на Клиниката за кардиологија во Скопје и во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, да се вршат и во болниците во Штип, Битола, Тетово, Струмица и во Градската општа болница „8 Септември“. Бројот на третирани пациенти во центрите за интервентна кардиологија низ државата е показател за бројот на спасени човечки животи. Само во новите Центри во изминатите три години се третирани околу 4000 пациенти, вели Груевски.
Инаку, само во ГОБ „8 Септември“ изминатиот период од три години се инвестираа околу 5 милиони евра за набавка на најсовремена медицинска опрема. Исто така во трите клинички болници во Тетово, Битола и Штип, набавена е нова медицинска опрема. Со набавката на линеарни акцелератори, во Македонија нема листа на чекање за радиотерапија, односно сите пациенти на кои им е потребна ја добиваат за најмногу 3 дена.
-За споредба, во земјите во поширокиот регион (вклучувајќи ги и соседните земји) за зрачна терапија се чека и до 10 месеци. За користењето на сите овие апарати се обезбеди и добра обука за нивно правилно и најефективно користење од различен вид. Со ова направивме добра база односно основа, но ние одиме понатаму со овој проект. Нашата цел е овозможување на траен капитал во македонското здравство за набавка на најсовремена опрема со која што ќе се фати тек со голем број на други напредни здравствени системи и ќе се одговори на најголемиот дел на потребите на здравстевните установи кои што преставуваат всушност потреби на граѓаните, заклучи Груевски.Потсети дека пред десетина години кога ја добиле одговорноста од граѓаните, постоеше децениска запоставеност во неколку клучни области и сфери. Едн

Пронајдете не на следниве мрежи: