Груевски со честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Почитувани,
Денес Македонија прославува светол датум од својата историја.Денес Македонија го прославува 23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Пред точно 123 години беше поставен темелот на македонската организирана борба за слобода и сопствена татковина. Оваа искра речиси цел еден век ја распламтуваше борбата на народот во Македонија од Илинденската епопеја, преку НОБ и АСНОМ, до 8-ми септември.
Идејата на македонската револуционерна организација го разбуди и го одржуваше стремежот за слободна и независна татковина Македонија.
Организацијата беше сенародно движење кое ги мобилизираше Македонците, но и сиот народ во Македонија до остварувањето на најправедната и вековна цел, слободна и независна македонска држава. За овој идеал илјадници синови и ќерки на Македонија ги положија своите животи.
Нивниот сон денес е остварен, но идејата и аманетот на Организацијата го носиме сеуште во нас.
Како што Организацијата ги обедини сите под бајракот на слободата, така и денес треба да останеме сплотени, да останеме решителни и одлучни да го чуваме делото на Татарчев, Груев, Поп Арсов, Хаџи-Николов, Димитров, Батанџиев, но и на плејадата знајни и незнајни херои од борбата за слободна Македонија.
Таа борба и денес е исто жива и силна како пред 123 години.
Таа борба денес е борба за напредок, благосостојба, нови работни места, повисок стандард, подобро здравство, современо земјоделие, модерно образование и подобра иднина.
Нека честит 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Нека е вечна идејата на Македонската Револуционерна Организација.
Нека е вечна Република Македонија.
 
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ
Претседател на ВМРО-ДПМНЕДенес Македонија го прославува 23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Пред точно 123 години беше поставен темелот на

Пронајдете не на следниве мрежи: