Груевски со честитка по повод празникот Водици

Ваше Блаженство,ми претставува особена чест и задоволство, на овој голем празничен ден во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, се вели во честитката која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја упати по повод големиот христијански празник до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.
 Во продолжение ја пренесуваме целата честитка интегрално:
Славејќи го крштевањето на нашиот Спасител, Исус Христос, денес сите ние го славиме Богојавление – симболот на духовното раѓање, на спасението, прочистување, просветлување и почетокот на нашето живеење во верата.
Празнувајќи го Богојавление да се помолиме на Бога да ги освети нашите води и да ги просветли нашите души и нашите семејства, дарувајќи ни здравје, среќа,  бериќет, повеќе радост. Онака како што денес свечено, со литија, молитви и силна верба во Бога тргнуваме кон местата на водосветот, со истата верба да продолжиме да чекориме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина. Со Божја помош и Божји благослов, да создаваме нови дела за Македонија и нашите идни поколенија. Нека Бог ни помогне во сите искушенија и предизвици да истраеме, нека дарува мудрост и сила да го зацврстиме единството, да се почитуваме, да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!Во продолжение ја пренесуваме целата честитка интегрално:
Славејќи го крштевањето на нашиот Спасител, Исус Христо

Пронајдете не на следниве мрежи: