Груевски: Стадионот подготвен за Супер купот во фудбал

Финишираат подготовките за фудбалскиот Супер куп кој ќе се одржува во Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ја посети националната арена каде изврши увид во градежните работи истакнувајќи дека речиси се завршени сите потребни подготовки за одржување на Супер купот, а поврзани со националната арена. Три до четири пати месечно доаѓале контроли од УЕФА и досега оценките се задоволни, вели Груевски додавајќи дека сигурно е дека Супер купот ќе се одржи во Македонија.-Оваа спортска арена е инвестиција во која владата првично вложи 30 милиони евра и направи еден современ стадион со која може цела Македонија да се гордее. Сега дополнително се вложуваат уште 6 милиони евра за да се дооспособи арената за да може да биде домаќин на еден високо интернациолен куп кој треба да се одржи на 8-ми август. Подготвителните работи се речиси завршени, истакна Груевски.
Тој додаде дека во подтрибинскиот простор се направени огромни простории, околу 7000 метри квадратни деловен простор.
-Дел од овој простор ќе се користи за време на Супер купот од страна на УЕФА, за нивни канцеларии, за потребите на медиумите. Значајно е дека овие простории подоцна ќе останат капитал на Јавното државно претпријатие ПУИК кои ќе може да ги издава и со средствата да вложи во натамошно развивање на оваа национална спортска арена како и за други инвестиции.
Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Цветко Грозданов го информираше Груевски дека имаат проблем и опструкција од страна на општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски кој им го одзема просторот за паркинг.
-Не ми дава затоа што се прогласи како ненадлежен, а првично ми даде одобрение за градба за три, затоа што овде имаше според деталниот урбанистички план, постоечкиот имаше зацртано спорт и рекреација, две тениски игралишта, плус таму потпрниот ѕид кој што треба да се заврши. Ние добивме три решенија за градба, за две тениски игралишта и за потпорен ѕид, после изведбата имавме тендер, се јавија фирми, ги воведовме во работа, два месеци и два три дена фирмата работеше. Направивме изолација, од доле се што треба, со сите материјали како што треба, направена е тампонизација целосна и останат е уште еден дел таму, уште малце. После два месеци човекот се прогласува дека не е надлежен и самиот си го поништува решението, решение кој што тој го издал, го поништува и правосилност и се. Мислам дека има друга позадина, мислам дека има и лично внатре и тоа се бизнис релации најверојатно, но ќе го видиме тоа малку подоцна, затоа што тој цело време алудира на тоа да биде паркинг, да биде паркинг. А и во стариот детален урбанистички план, а и во новиот кој што го поништи, предвидено е спорт и рекреација, не паркинг. А неговиот интерес е да биде паркирање. Јас повикав да се надмине себеси, во ситуации тие тесно партиски интереси што ги имаат, затоа што сепак купот е најголемото збиднување кое ќе се случи во 2017 година. Мислам дека има друга позадина, мислам дека има и лично внатре и тоа се бизнис релации најверојатно, но ќе го видиме тоа малку подоцна, затоа што тој цело време алудира на тоа да биде паркинг. А и во стариот детален урбанистички план, а и во новиот кој што го поништи, предвидено е спорт и рекреација, не паркинг. А неговиот интерес е да биде паркирање, вели Грозданов.
Со организирање на Супер Купот, Македонија ќе добие на популарност, реклама, бидејќи ќе ја пренесува цела Европа и пошироко, вели Груевски.
Тој додаде дека дел од просторот ќе се искористи за правење на детска градинка.
-Ќе биде за потребите на Министерството за земјоделство, но ќе има можност и деца на родители кои не се вработени во Министерството, кои живеат во близина да ги носат децата тука и со тоа центарот на градот ќе добие уште голема детска градинка. Таа ќе биде околу 500-600 метри квадратни и ќе има голем капацитет за сместување на деца, истакна Груевски.-Оваа спортска арена е инвестиција во која владата првично вложи 30 милиони евра и направи еден современ стадион со која може цела Македонија да се

Пронајдете не на следниве мрежи: