Премиерот Никола Груевски утре попладне по американско, а навечер по македонско време, ќе оствари средба со потпретседателот на САД Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон.Средбата ќе се одржи во рамки на посетата на САД на премиерот Груевски во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка
Се очекува темите на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Од Владата на Република Македонија вчера ги потврдија информациите за средбата.
Ова е втора средба на македонскиот премиер Груевски со американскиот потпретседател Бајден, првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.
Оваа претстојна средба е значаен чекор во унапредувањето на односите меѓу двете земји.
Република Македонија и САД се пријателски земји и имаат блиски меѓусебни односи. Двете земји имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство, и остваруваат блиска соработка на политички и економски теми.Средбата ќе се одржи во рамки на посетата на САД на премиерот Груевски во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка