Груевски: Владата инвестира 150 милиони евра во здравствената инфраструктура

Продолжува стратегијата за модернизација и унапредување на македонскиот здравствен систем. Таквата стратегија се потпира на четири носечки столбови- инвестиции во здравствената инфраструктура, инвестиции во нова медицинска опрема, зајакнување на медицинскиот персонал преку обуки и тренинзи во најнапредните болници и клиники во светот, како и модернизација на системот во здравството и неговата организација, истакна премиерот Никола Груевски.Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, во рамки на кој дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек. Меѓу позначајните се новата Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, која ја пуштивме во 2011 година, новиот дијагностичко- ургентен центар во Клиничката болница Тетово, комплетно реконструираната општа болница во Охрид, реконструираната гинеколошка болница во Чаир, реконструираната болниза за белодробни заболувања и туберкулоза Јасеново во Велес, реконструираната поликлиника Букурешт.
-Во завршна фаза и многу скоро, овој месец, очекуваме да го пуштиме и новиот ПЕТ центар. Пред еден месец започнавме со реконструкција на клиничката болница во Битола. Деновиве започнавме со реконструкција и на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид, а до крајот на годината ќе почнат градежните работи за реконструкција на општата болница Прилеп. Во подготовка е и тендерот за реконструкција на клиничката болница Свети Наум Охридски во централното градско подрачје на Скопје, потенцираше Груевски.
Во делот на набавката на нова медицинска опрема досега се инвестирани над 100 милиони евра, со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во сите делови на Макеоднија.
-Неодамна промовиравме два нови апарати за компјутерска томографија, еден на Универзитетската клиника за неврологија и еден во поликлиниката Јане Сандански. Дополнителни два компјутерски томографи се пристигнати и во наредниот период ќе бидат инсталирани во Универзитетската клиника за детски болести и во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо. Спроведуваме групна набавка на 6 мамографи во вкупна вредност од околу 40 милиони денари, кои веќе се пристигнати и се монтираат и со кои ќе се зајакнат болниците во Штип, Куманово, Прилеп, Кочани, Велес и хируршката клиника Свети Наум Охридски. Дополнително, во тек е постапка за набавка на нови мамографи и за Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Македонска Каменица.
Отпочната е и набавка на 12 нови амбулантни возила за Итната медицинска помош при Здравствениот дом Скопје, со кои, според Груевски, сериозно ќе се зајакне оваа служба.
-Бројот на медицински апарати кои што ги набавивме е огромен. Тој комплетно ја смени сликата во нашето здравство. Со овие проекти кои ги набројав и кои сега се во тек само потврдуваме дека тој тренд продолжува и понатаму, како што продолжува и трендот во градба на нови болници, додаде премиерот.
Од 2012 година па се до сега, над 2.000 здравствени работници дополнително се едуцирале и стекнале искуства во врвни медицински центри во странство, во голем број различни медицински области, особено во делови во кои кај нас нема доволна експертиза или пак има нови методи кои кај нас се уште не се применети.
-Само за оваа година поставивме таргет од 1.000 здравствени работници кои ќе ги испратиме на едукација во странство и со задоволство можеме да кажеме дека овој таргет го постигнавме. Ова е прва година да одиме со 1.000, до лани одевме по 500. Со истата динамика продолжуваме и следната година. Ова е исклучително значаен проект со кој овозможуваме медицинскиот персонал да се стекне со нови знаења и вештини за примена на најсовремените научни методи и техники во некои од најдобрите здравствени центри во светот. По завршените едукации македонските лекати го пренесуваат стекнатото искуство во својата матична установа со што придонесуваат кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги, а со тоа и кон целосно унапредување на здравствениот систем во Македонија, рече Груевски.
Во однос на зајакнување на системот и организацијата во здравството, како што посочи Груевски, има огромен број проекти. Ги спомена воведувањето на проектот Мој термин, Плаќање по учинок, Ало докторе… и додаде дека и понатму ќе се работи на проекти кои ќе придонесат за подобрување на здравствениот систем.Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, во рамки на кој дел од инвестициите се компл

Пронајдете не на следниве мрежи: