Груевски: Во Гази Баба се вработија над 8 илјади граѓани како резултат на странските инвестиции

-Многу работи се направија низ годините наназад, а и многу ќе се решаваат во иднина, најважно е што се намали невработеноста, а во иднина ќе се намалува и уште. Во иднина ќе имаме и нови инвестиции, бидејќи имаме најповолна економска клима, во наредните 4 години планираме да отвориме нови 70.000 работни места, пензиите пораснаа за над 90 проценти, воведовме минимална плата која во иднина ќе изнесува 14.000 денари. Ќе продожат да растат и платите во јавниот сектор и социјалната помош. Донесовме над две милијарди евра странски ивестиции, извозот порасна над четири милијарди евра, просечната плата се зголеми на 22.000 денари и во иднина ќе продолжи да расте како што ќе растат и ивестициите, изјави Никола Груевски претседатен ла ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4.-Во Скопје ќе се изгради нов комплекс клиники Мајка Тереза во висина од 130 милиони евра, ќе се реконтруираат и старата градска болница и останатите медицински установи, ќе се реновираат 140 училишта, за децата кои излегуваа од дом ќе им даваме помош од 4.000 денари, а ќе помогнеме и со доделување на државни станови за истите овие деца кои СДСМ ги заборави во нивното време. Гази Баба од 2006 креираше 8.000 нови работни места, во 2006 во Гази Баба имаше вработени 7.000 луѓе, а денес во Гази Баба работат 15.000 луѓе, а во иднина оваа бројка ќе расте. Донесовме и многу инвестиции во општината, се извршија и реконструкции на многу патни правци, се изгради фекална канализација во повеќето општини, се изградија и неколку училишта и се реконструираа неколку, во состав на студентскиот дом Стив Наумов се реновираше дел од истиот, изградивме тениски игралишта, фудбалски игралишта како и изградивме три спортски сали, потенцираше Груевски.
Тој исто така истакна и дека во делот на медицинските установи комплетно се реновираше медицинската установа, се воведе и проектот рурален доктор, а се воведе и логопед, а во иднина ќе се воведе и нов мамограф и други медицински апарати во вредност од над 70.000 евра.
-И оние граѓани кои беа зафатени од неодамнешните поплави ќе добијат нови улици, во Гази Баба во иднина ќе се отворат 4 нови градинки, ветуваме и ново училиште, нова спортска сала, фудбалски игралишта, кошаркарски игралишта како и фитнес зона на отворено ќе добијат граѓаните на Гази Баба, истакна Груевски.
-Во Скопје ќе се изгради нов комплекс клиники Мајка Тереза во висина од 130 милиони евра, ќе се реконтруираат и старата градска болница и останатит

Пронајдете не на следниве мрежи: