Пријателскиот пречек на премиерот Никола Груевски во Израел од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги потврди одличните односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со взаемно пријателство и меѓусебно разбирање, наспроти скандалите кои ги предизвика опозицискиот лидер Зоран Заев при посетата на еврејската државаМакедонија и Израел се дефинитивно пријателски земји кои имаат цврста соработка. Ова е заедничка констатација и на Груевски и на Нетанјаху после средбата. И покрај обидите на некои структури со исценирани случаи да ги нарушат односите, двете земји покажаа дека се пријателски настроени една кон друга и дека продолжуваат да соработуваат цврсто на сите полиња.
Македонскиот премиер беше пречекан пријателски. Израелскиот премиер Нетанјаху му македонскиот колега се обраќаше со Никола на прес-конференцијата, што ја изразува блискоста и довербата која еден со друг ја имаат и која се рефлектира на односите на земјите.
Од посетата на македонската делегација се забележа дека Израел високо ги цени активностите на Груевски за еврејската држава. Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, основањето на Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Македонија и реституцијата на имотите на депортираните Евреи без правни наследници се токму проекти кои се одвиваа под палката на Груевски, проекти кои укажуваат на пријателството меѓу двете држави.
Нетанјаху не заборави во својата изјава да ја нагласи посебно и соработката во областа на одбраната и безбедноста, поле кое токму некои структури се обидоа да го нарушат преку делувањето на Заев, па оваа изјава на генералот Биби (прекарот на Нетанјаху) е директна порака до сите нив дека со Македонија имаат цврста и многу важна и значајна соработка.
Груевски беше третиран во Израел со висока почит и во стил на голем пријател. Имаше заедничка прес- конференција со лидерот на Израел која зрачеше со срдечност и пријателство. Нетанјаху на својот официјален профил го објави и видеото од средбата.
За разлика од ова, Заев во Израел беше оставен да дава изјава пред зградата на некоја државна институција додека во позадина се шетаа туристи по влечки, што доволно говори за тоа какво е мислењето на Израел за Заев. Дополнително, посетата на Заев на еврејската држава се карактеризираше со скандали, откако беше демантиран од страна на израелското МНР за своите изјави, скандал кој стигна и до ударните страници на европските и бриселски весници.
Од друга страна пак, Груевски ја потпиша декларацијата за пријателство од стратешко значење, што претставува уште еден чекор плус во унапредување на односите и порака од Израел дека Македонија за нив е многу важна. Се’ на се’, 100:0 за Груевски во однос на Заев, коментираат познавачите, доказ дека државната политика е умешност која очигледно Заев ја нема и доказ дека односите меѓу две пријателски земји не може да бидат засенети од егзибициите на Заев и неговите измислици.
Груевски поентираше тројно, ја покажа цврстината на пријателството на двете земји, потпиша договор за пријателство од стратешко значење и успеа да потпише и договори кои значат унапредување на односите за инвестиции, економска соработка и здравствена соработка.Македонија и Израел се дефинитивно пријателски земји кои имаат цврста соработка. Ова е заедничка констатација и на Груевски и на Нетанјаху после ср