Груевски во Кривогаштани – Ги слушна барањата на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска е во посета на општините Кривогаштани и Крушево. При посетата во населените места Кривогаштани и Крушеани оствари средба со повеќе граѓани и ги слушна нивните барања и потреби.-Денеска заедно со неколку мои соработници дојдов во населеното место Кривогаштани и во населеното место Крушеани, пред се заради средба со повеќе граѓани за да слушнам нешто повеќе за актуелните проблеми, но и за сите други прашања за кои тие сакаат да разговараат. Исто така имав можност на терен да се уверам од една градежна експанзија што ја има во општината Кривогаштани. Се гради на многу места, нешто е веќе завршено, нешто е во градба, а нешто пак сега почнува, истакна Груевски.
 
Во општината Кривогаштани се завршуваат проекти кои се вредни над три милиони евра или околу 200 милиони денари. Се работи за изградба на четири или пет улици, канализации, објекти што се значајни за младите, како што е спортската сала и мултифункционалното игралиште, сточниот пазар и плоштадот кој се завршува.
Груевски потенцираше дека дел од прашањата и проблемите на граѓаните кои што порано не биле решени сега се решаваат. Претходно, рече, немало градинка сега таа е изградена. Имало руинирано училиште кое сега е комплетно обновено. Немало спортско игралиште, ниту пак спортска сала, или била целосно руинирана, а многу улици биле во многу лоша фаза. Немало ниту Брза помош која сега ја има во општината, а отворени се и седум подрачни единици кои во минатото не постоеле.
Во општината во завршна фаза е изградбата на училишната спортска сала и адаптацијата на градинка, изградени се повеќе улици во повеќе населени места, отпочната е постапката за изградба на зелен пазар, а се гради и нов плоштад во Кривогаштани.

 
-Денеска заедно со неколку мои соработници дојдов во населеното место Кривогаштани и во населеното место Крушеани, пред се заради средба со повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: