Груевски во Радовиш: Грантови за компаниите кои ќе ги рестартираат фабриките-жртви на транзицијата

Loading...

Вкупните странски инвестиции во Македонија во минатотото изнесуваше над 2 милијарди евра, а во време кога дојдовме на власт извозот беше само една милијарда, а сега во 2016 година изнесува повеќе од 4 милијарди, тоа не падна од небо, за тоа работиме ние и работите се менуваат и се движат кон подобро, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски, вечерва во Радовиш.-За земјоделците издвоивме поддршка од една милијарда денари, дадовме под закуп државно земјиште кое не се користеше, дадовме субвенции за земјоделците за купување на земјоделска механизација на принципот 50/50 учество на државата. Се намали цената на лековите и со тоа годишно луѓето вкупно заштедуваат над 30 милиони денари, а со тоа и се намалија парите кои одат директно кон олигарсите, а тоа некој го боли и нема да му дозволиме да го исполни на 11 декември. Се намали цената на регистрација на возилата, се наламија акцизите и царините за увезување на автомобилите и над 2.000 автомобиле се внесени со оваа мерка. Во иднина се планира да расте и минималната плата и таа до 2020 година ќе расте до 14.000 денари, ќе растат и пензиите и платите, социјалната помош исто така во иднина планираме да расте, потенцираше Груевски.
Тој исто така потенцираше дека луѓето кои што сакаат да ги рестартираат старите фабрики ќе бодијат неколку поволности, ќе добијат грантови од по 2.000 евра и ќе плаќаат  намалени даноци, а со оваа мерка би ја подобриле невработеноста од времето на транзицијата на СДСМ.
-Имаме и проект наречен од град во село, во овој проект се нуди на граѓаните 6.000 евра како почетна помош доколку сакаат да купат куќа надвор од градот и да отпочнат бизнис. Ќе имаме и проекти за младите, за младите никогаш досега немало кредит кои го дава државата за младите да можат да купат куќа, стан не постари од 35 години. А кредитот ќе го враќа државата со учество на самите купувачи. Ќе се градат и шест експресни патишна, 140 училишта ќе се реновираат, а ќе се изградат и нови 78 спортски сали, за студентите на државните факултети ќе се намали финансирањето. За сите студенти на државните факултети кои потекнуваат од загрозени семејства или семејства со еден родител ќе се даваат стипендии, истакна Груевски.
Груевски потенцираше дека во Радовиш се отвориле 2.300 нови работни места, се завршија повеќе локални патишта како и магистрални патишта. Исто така се изградија неколку мостови, се изградија четири нови училишта како и се направи реконструкција на 8 други училишта. Се направија и спортска сала, како и здравствениот дом е беше реновиран, а во иднина следува експресен пат помеѓу Радовиш и Штип.
-Во иднина ќе се отворат две нови градини, ќе се отвори и дневен престој за старите лица, како и за лицата со посебни потреби, ќе се изградат две кошаркарски игралишта како и ски терени на Плачковица, вели Груевски. Имаме многу проекти но она што е важно е на 11 декември да излезат и да не дозволат некој од навдовр да ни прават сценарија, да ни кројат капа. Заев само прави кризи во државата и тие се актуелни само ако направат некоја криза во државата, а ние во криза успеваме да се бориме Македонија да оди напред да биде економски цврста, демократска и унитарна земја, потенцираше Груевски.
-За земјоделците издвоивме поддршка од една милијарда денари, дадовме под закуп државно земјиште кое не се користеше, дадовме субвенции за земјодел

loading...