Груевски-Заоралек: Поскоро одржување на изборите, клучно е воспоставување на стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.На средбата соговорниците разговараа за актуелните политички случувања во Република Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со интегративните процеси, како и можноста за унапредување на соработка помеѓу двете држави.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја афирмираше определбата за организирање на фер, слободни и демократски избори, во согласност со утврдените рокови прецизирани со изборниот законик. Груевски истакна дека врвен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да поминат мирно и во демократска атмосфера, и дека тие се клучни во надминување на наметната политичка криза.
Претседателот Груевски се заблагодари за поддршката од Чешката Република во поглед на остварувањето на евроатланските интегративни процеси на државата посочувајќи дека тие ќе продолжат да бидат врвна стратешка определба.
Министерот за надворешни работи на Чешката Република Лубомир Заоралек ја истакна важноста од поскоро одржување на изборите како начин за премостување на политичката криза. Тој посочи дека на Република Македонија, но и на европските партнери им е потребно стабилна влада која ќе може да се соочи со глобалниот предизвик на мигрантската криза, како и продолжување на процесите важни за Република Македонија. Тој истакна дека за продолжување на економскиот развој и на започнатиот прогрес во оваа сфера клучно е воспоставување на стабилна влада, која треба да се добие на избори.На средбата соговорниците разговараа за актуелните политички случувања во Република Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со

Пронајдете не на следниве мрежи: