Груевски: Зоран Заев ги потцени граѓаните на Македонија со своите игри, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари историска победа

Имаме избори на кои ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе добијат историски најголема поддршка од граѓаните. Победуваме, истакна на вечерашниот митинг во Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4 Никола Груевски.-Во неделите зад нас се разјаснија многу работи, зошто ни се случуваше сето ова во изминативе две ипол години. Кои биле целите и намерите, да ни го наруши соживотот, да ни се редефинира државата. Зоран Заев ги потцени граѓаните на Македонија со своите игри, со своите соработки со криминални структури. Во недела народот ќе му прати порака дека не сакаат таков премиер. Во недела ќе победи Македонија, Македонците, Турците, Албанците, Ромите, Власите, сите кои сакаат да живат во Македонија со овие граници со ова економски зајакнување кое ќе расте. Секој еден треба да знае дека зад себе го има ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата и мене, дециден е Груевски.
Носителот на листата во четвртата изборна едница посочи дека граѓаните во недела ќе му покажат на Заев дека овие два милиони одлучуваат кој ќе владее во Македонија и на кого ќе му ја дадат довербата.
-ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи за сите, обединувачка партија која сака да им помогне на сите. Се потруди човекот нас да не направи националисти за да ги прикрие своите планови со некои надворешни центри за кантонизирање на Македонија. Имаме златна држава и сега нашле еден трчи-лажи политичар за да ни ја растурат државата. Никој не сака човек што многу лаже, сака да се коцка со државните интереси и што само ветува. Доста и е на Македонија друг да и ја крои капата. Во недела моќта ја има народот, во пенкалото и умот, нагласи Груевски.-Во неделите зад нас се разјаснија многу работи, зошто ни се случуваше сето ова во изминативе две ипол години. Кои биле целите и намерите, да ни го

Пронајдете не на следниве мрежи: