Група вработени до Ременски -Нашите деца немаат ли право на одмор со своите родители?

Отворено писмо до јавноста од група вработени во министерството за труд и социјална политика.Сакаме да ве информираме за невидениот притисок кој ни се врши како вработени во министерството за труд и социјална политика. Со години чесно и согласно сите правила и законски обврски ги извршуваме нашите работни задачи, ние сме професионалци без партиска определба.
Она што се случува овие денови со нашите права како вработени е незапаметено и е тоталитарно и погазувачки за нашите права и човечко достоинство. Искористувањето на годишните одмори е предвидено во Законот за работни односи зашто уредно ги известивме нашите непосредни претпоставени и државниот секретар и не постоеше никаква пречка бидејќи посочивме соодветна замена и како и секогаш кога некој вработен оди на годишен одмор се назначува лице кое ќе го менува вработениот што е на одмор.
Техничката министерка која е назначена да спроведе избори без никаква причина и со ништо предизвикана одлучи да ни го прекрати одморот. Да биде шиканирањето поголемо иако се вративме на своите работни места не добиваме никакви доплнителни работни задачи. Со тоа ни причини огромна загуба на пари за уплатени аранжмани. Ваквите методи не доликуваат на министер ако и малку има демократска свест. За нас доаѓањето на работа и престојот на работното место веќе претставува стрес од неизвесност.
Сега, почитувана техничка министерке Ременски,
Зошто тенденциозно без да ни дадете дополнителни работни обврски ни го преќинавте единствениот одмор во годината?
Нашите деца немаат ли право на одмор со своите родители?
Имате ли чувства ?
Знаете ли што значи да се работи цела година и целото семејство да го чека моментот кога една недела треба да го поминеме заедно на одмор ?
Кој ќе ни го надомести времето заедничко кое им го ускративте на нашите деца? Кој ќе ни ги врати парите што ги уплативме за одмор?
Зар не ви е срам да манипулирате со лажни соопштенија дека наводно има застој во работата кога целиот застој доага од вашето деструкртивно однесување ?
Почитувани
Ја прочитавме и реакцијата на техничката министерка и сакаме недвосмислено да посочиме дека манипулиа кога вели дека е – Загрозено е законското постапување по предметите, според конкретни рокови токму поради ваквиот досегашен начин на работа, што се одразува директно на штета на граѓаните приматели на социјална помош. Манипулира бидејќи поголем дел од нас не работат со предмети за остварување на социјална помш и работат во сектори кои имаат делокруг на надлежности кој не се поврзани со оставрување на права од социјална заштита. Не е чесно да се манипулира јавноста и затоа во интерес на вистината го праќаме ова анонимно писмо бидејќи работите во МТСП стануваат неиздржливи и се плашиме за нашите работни места.
Должни сме да ја информираме македонската јавност за тортурата што ни се врши а не е исклучено да ги информираме, синдикатите , странските амбасади и меѓународни организации.
Група вработени од МТСПСакаме да ве информираме за невидениот притисок кој ни се врши како вработени во министерството за труд и социјална политика. Со години чесно и сог

Пронајдете не на следниве мрежи: