Групацијата Триглав ја зачува финансиската стабилност и високата бонитетна оценка

Групацијата Триглав во деветте месеци од 2016-та година успешно работеше во отежнати пазарни услови. Во дадениот период групацијата оствари добивка пред оданочување во висина од 68 милиони евра, додека пак консолидираната бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување изнесуваше 721 милион евра. Растот на премијата на групацијата Триглав во Словенија беше на исто ниво со порастот на самиот пазар, додека пак на останатите пазари изнесуваше 9%. На работењето во првите девет месеци од 2016- та година влијаеа масовни штетни настани, како и историски ниските, т.е. негативни каматни стапки на финансиските пазари.Во Триглав оценуваат дека, доколку се земат во предвид очекуваните пазарни услови до крајот на годината, годишната добивка пред оданочување ќе биде во планираните рамки. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, го заврши третиот квартал од 2016-та година со одлични финансиски резултати и го подобри комбинираниот количник, кој што е показател на успешноста во работењето во основната дејност.
Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година работеше успешно во тешки пазарни услови и го заврши дадениот период со нето добивка во висина од 54 милиони евра (48 милиони евра нето добивка од матичното друштво), додека добивката пред оданочување изнесуваше 68 милиони евра (60 милиони евра од матичното друштво).
Групацијата во првите девет месеци обезбеди 721 милион евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, што е 2 милиони евра повеќе од истиот период минатата година (т.е. 2% повеќе, доколку се земе во предвид и минатогодишната продажба на осигурителната компанија од Чешка). Премиите од неживотно осигурување беа зголемени за 1%, а доколку се земе во предвид и продажбата на чешката компанија, нивниот раст изнесува 3%. Премиите од осигурување на живот се намалија за 2% и тоа првенствено поради фактот што голем број на осигурителни полиси во дадениот период доспеале за осигурително покритие доживување, додека пак премијата од здравственото осигурување се зголеми за 4%. Во Словенија групацијата Триглав обезбеди вкупно 0,3% поголема премија споредено со истиот период минатата година, што е на исто ниво со порастот на целиот словенечки пазар. На останатите пазари просечниот раст на премија на групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 9%, споредено со истиот период минатата година.
Споредено со минатата година, на овогодинешното работење на групацијата Триглав во доменот на осигурувањето влијаеа масовни штетни настани, првенствено летните олуи проследени со град, потоа априлскиот мраз и локалните поплави во Словенија. Во дадениот период вкупната вредност на масовните штетни настани во групацијата Триглав изнесуваше 19 милиони евра. Ова првенствено влијаеше на покачување на комбинираниот количник на Групацијата. Неговата вредност во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 95%, што е во согласност со неговата стратешка целна долгорочната просечна вредност.
Приносите од финансиските инвестиции на групацијата Триглав беа за 21% пониски во споредба со истиот период минатата година, првенствено поради пониските нето профити од продажбата на финансиски средства. Неизвесноста, слабиот економски раст во целиот свет, ниските инфлациски очекувања, како и влијанието на Brexit предизвикаа оваа година неповолни услови на меѓународните финансиски пазари, проследени со историски ниски, односно негативни каматни стапки и висока нестабилност на пазарите за хартии од вредност. Не може да се очекува брзо подобрување на условите на финансиските пазари. Групацијата Триглав, во согласност со инвестициската политика и во согласност со состојбите гo прилагодува учеството во поединечните инвестициони класи и во структурата на инвестиции го задржува доминантниот удел на првокласни државни обврзници.
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Задоволни сме со работењето оваа година, со постигнатата профитабилност, како и со зачуваната финансиска стабилност на групацијата Триглав. Ние сме словенечкото друштво со највисок кредитен рејтинг во државата, бидејќи оваа година две рејтинг агенции, “S&P Global Ratings и A.M. Best“, ни го покачија рејтингот од „А-„ на “А“, а рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза. Стратешко насочување кон осигурителната дејност на Групацијата покажува добри резултати. Работењето на словенечкиот осигурителен пазар, но и на пазарите надвор од Словенија, каде гледаме можноста за раст на премија, беше успешно и во согласност со очекувањата. Приносите од финансиските инвестиции, како што очекувавме, оваа година се пониски, согласно историски ниските каматни стапки. Земајќи ги во предвид очекуваните услови на работење до крајот на годината, оценуваме дека овогодишната добивка пред оданочување на групацијата Триглав ќе биде во планираните рамки”.Во Триглав оценуваат дека, доколку се земат во предвид очекуваните пазарни услови до крајот на годината, годишната добивка пред оданочување ќе биде

Пронајдете не на следниве мрежи: