Триглав Осигурување Скопје обезбеди поголема бруто полисирана премија споредено со истиот период минатата година.Скопје, 21. ноември 2014 – Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и една од најголемите во југоисточна Европа и во првите девет месеци од 2014 година работеше добро. Групацијата и натаму го задржува високото ниво на финансиска стабилност и ја зајканува водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување, каде го зголеми својот пазарен удел за 0,4 процентни поени, на солидни 36%. Нето добивката на Групацијата, споредено со првите девет месеци од 2013 година, се зголеми за 36%, на 77 милиони евра, а притоа, групацијата во тешки економски услови обезбеди премија од 688,6 милиони евра. Триглав Осигурување АД, Скопје, дел од Групацијата Триглав, во првите три квартали од оваа година работеше успешно и обезбеди бруто полисирана премија поголема за 9%, споредено со истиот период минатата година и оствари добивка, повисока од планираната.
Групацијата Триглав и матичното друштво во првите девет месеци од 2014 година работеа добро и во согласност со стратешките насоки, а тоа го потврдуваат постигнатите резултати. Во првите три квартали од 2014 година нето добивката на Групацијата Триглав изнесуваше 77 милиони евра (36% повисока споредено со истиот период минатата година), а на матичното друштво 56,1 милиони евра (11% повисока во споредба со истиот период минатата година).
Високото ниво на финансиска стабилност го потврдуваат и бонитетните агенции
Групацијата Триглав и во 2014 година успешно го одржува високото ниво на финансиска стабилност, што се потврдува и со оценките на бонитетните агенциите Standard & Poor's и A.M. Best. Рејтинг оценката на Standard & Poor's има стабилна среднорочна перспектива, а A.M. Best ја подобри среднорочната перспектива од стабилна во позитивна. Високата финансиска стабилност на Групацијата Триглав, споредено со крајот на 2013 година се огледува во порастот на најзначајните финансиски категории: за 8% се зголеми книговодствената вредност на средствата (3.311,9 милиони евра), за 6% се зголемија бруто износите на осигурително – техничките резервации, коишто се темел за балансирано работење и обезбедување на дологорчната сигурност на осигурениците (2.396,4 милиони евра), а дури за 16% е повисока севкупната вредност на капиталот на Групацијата, што е основа за безбедно работење.
Јакнење на позицијата на пазарот
Групацијата Триглав во 2014 година ја зајакна водечката положба на словенечкиот пазар. Нејзиниот удел меѓу словенечките осигурителни компании е најголем, изнесува одлични 36% и споредено со минатата година е повисок за 0,4 процентни поени. За сите учесници на словенечкиот пазар условите и оваа година остануваат тешки. Тоа го покажува и падот од 2,8% на вкупната бруто полисирана премија на пазарот во првите девет месеци од оваа година, споредено со истиот период минатата година. Падот на премијата на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар е помал и изнесува 1,9%. Гледано пошироко, Групацијата Триглав на сите осум пазари каде работи обезбеди 688,6 милиони евра бруто осигурителна и соосигурителна премија (2% помалку од истиот период минатата година), а матичната компанија обезбеди 463,7 милиони евра (3% помалку од истиот период минатата година).
Комбинираниот количник во неживотното осигурување на Групацијата Триглав, со којшто се мери профитабилноста на работењето во осигурување, согласно зацртаната стратегија се движи околу таргетираната вредност и изнесува 95,4% (3,1 процентни поени помалку од истиот период минатата година). Комбинираниот количник на Заваровалница Триглав изнесува 94,3% и споредено со истиот период претходната година овој количник е зголемен за 6,5 процентни поени.
Случувања во доменот на инвестиции и штети
На деловниот резултат на матичното друштво, како и на Групацијата, релативно сериозно влијание има зголемениот обем на штети. Во првите девет месеци од 2014 година имаше зачестени случаи на невреме со снег и мраз на подрачјето на цела Словенија, коишто предизвикаа штета во износ од 10 милиони евра. Во првите девет месеци од оваа година Групацијата евидентираше 6% помалку бруто износи на штети (440,8 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, а матичното друштво 5% помалку (296,3 милиони евра).
Приносите од финансиските инвестиции на Групацијата, коишто претставуваат најголем дел од средствата на Групацијата, во првите девет месеци оваа година достигнаа 140 милиони евра и дури за 208% беа поголеми од истиот период минатата година. Високиот пораст пред сѐ се должи на зголемување на добивката од продажба при тргувањето со должнички хартии од вредност и значајно помалата исправка на вредност на финасиските инвестиции, споредено со истиот период минатата година.
Бруто оперативните трошоци во рамките на осигурителната дејност во групацијата Триглав во споредба со истиот период од 2013-та година пораснаа за 3% и изнесуваат 170,7 милиони евра. Во Заваровалница Триглав тие се зголемија за 2% и изнесуваат 119,1 милиони евра. Зголемувањето на наведените трошоци првенствено се должи на спроведените продажни акции.
Работење во согласност со стратешките насоки
Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, за работењето во првите девет месеци од 2014 година изјави: „Работењето на Групацијата Триглав и на матичното друштво беше добро и фокусирано кон постигнување на стратешките цели. Групацијата, согласно стратегијата до 2017 година, ги спроведува сите потребни активности за јакнење на силната позиција како на словенечкиот, така и на другите целни пазари, истовремено задржувајќи ја цврстата адекватност на капиталот, финансиската стабилност и високата профитабилност. Стабилноста на Групацијата и издржаноста на зацртаните насоки се потврдуваат со високите рејтинг оценки од познатите бонитетни агенции“.
Триглав Осигурување Скопје успешно продолжува по зацртаниот пат
Триглав Осигурување Скопје во првите девет месеци од 2014 година работеше добро и оствари 29% поголема добивка од планираната. Компанијата го зголеми својот пазарен удел за околу 0,5 процентни поени, споредено со истиот период минатата година. Во дадениот период компанијата успешно заврши некои од стратешките проекти, како што е на пример мобилната теренска продажба, а истовремено ги спроведува потребните активности за понатамошен развој на сопствената продажна мрежа.
„Прецизно дефинираната стратегија и доследното спроведување на нејзините насоки континуирано придонесуваат Триглав Осигурување да ја зацврсти лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Во првите три квартали од 2014-та година повторно постигнавме одлични резултати, поточно обезбедивме бруто полисирана премија во доменот на неживотно осигурување поголема за околу 8%, во услови кога пазарот порасна за помалку од 5%. Овие резултати се во согласност со зацртаната мисија Триглав да биде креатор на развојот на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Дополнително, Триглав Осигурување оствари најдобар резултат на пазарот и во доменот на исплата на штети, со удел поголем од 18%, што е уште еден показател за ефикасноста на процесите во компанијата, како и за финансиската стабилност и доверливост на компанијата“, изјави Извршната директорка на Триглав Осигурување Скопје, Сања Танчевска.Скопје, 21. ноември 2014 – Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и една од најголемит