Групацијата Триглав во 2014 година работеше добро и го задржа високото ниво на финансиска стабилност. И покрај сѐ посложената деловна средина, групацијата Триглав ја зајакна својата водечка позиција на словенечкиот пазар на осигурување, притоа зголемувајќи го пазарниот удел за 0,3 процентни поени на 36,1%. Во извонредните околности на пазарите на капитал, коишто овозможија многу висок поврат на финансиските инвестиции, групацијата ја заврши годината со нето профит од 85,7 милиони евра, остварувајќи 23% повеќе споредено со претходната година. Групацијата забележа поврат на капиталот од 13,4%, надминувајќи ја на тој начин планираната стратешка вредност, којашто е цврсто поврзана со реализацијата на визијата за развој.Групацијата Триглав, водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија и една од најголемите групации во југоисточна Европа, во Словенија го зајакна својот пазарен удел, којшто сега изнесува 36,1% (0,3 процентни поени повеќе споредено со 2013 година). Во Словенија, во доменот на животно осигурување го зголеми својот пазарен удел за 0,1 процентен поен, на 32,7%, додека пак во доменот на неживотно осигурување пазарниот удел изнесува 37,4% односно 0,3 процентни поени повеќе споредено со 2013 година.
Работа во сложена деловна средина и висок поврат на финансиските вложувања На работењето на Групацијата во 2014 година првенствено влијаеа неповолните деловни услови на осигурителните пазари и вонредните околности на пазарите на капитал, коишто овозможија многу висок поврат од финансиските инвестиции. Групацијата 2014 година ја заврши со нето добивка во висина од 85,7 милиони евра, што е за 23% повеќе споредено со 2013 година и дури 31% над планираното. Нето добивката на Заваровалница Триглав, како матична компанија, изнесуваше 45,6 милиони евра, што е за 6% помалку од претходната година. Матичната компанија постигна поврат на капитал од 8,7%, а групацијата 13,4%.
Споредено со 2013 година, групацијата обезбеди 1% помалку полисирана премија, додека пак Заваровалница Триглав 2% помалку, што е еднакво со падот на целокупниот пазар на осигурување во Словенија. На осигурителниот пазар сеуште се чувстуваше влијанието на ослабената куповна моќ на граѓаните и послабата економска активност. Потврда за доброто работење во основната дејност на неживотно осигурување е комбинираниот количник на групацијата Триглав во висина од 96,3%, како и комбинираниот количник на матичната компанија од 94,7%.
Заваровалница Триглав во 2014 година постигна многу висок поврат на финансиските инвестиции, прикажувајќи пораст од 285% споредено со претходната година. Групацијата Триглав имаше 138% повисок поврат од финансиските инвестиции, којшто изнесуваше 132,1 милиони евра (без добивката од вложувањата на осигурениците со животни осигурувања, кои преземаат ризик на инвестиција).
Исплатените штети на минатогодишно ниво
Исплатените бруто штети на Заваровалница Триглав останаа приближно на исто ниво споредено со 2013 година, додека во групацијата Триглав е забележан пад од 2% споредено со 2013 година. Во 2014 година имаше неколку масовни штетни настани. Во Словенија најголема штета предизвика невремето со снег и леден дожд на почетокот на годината, кое предизвика шетата од 12,7 милиони евра и повеќе од 1.550 пријавени штети на територијата на цела Словенија.
Стабилни оперативни трошоци
Консолидираните бруто оперативни трошоци во доменот на осигурување останаа приближно на истото ниво како и во 2013 година. Во матичната компанија беа реализирани 1% повисоки консолидирани бруто оперативни трошоци, првенствено како последица на зголемените трошоци за аквизиција (продажни кампањи и провизии за застапници на осигурување), како и трошоците на работа во основната дејност на осигурување, но од друга страна беа намалени останатите трошоци.
Високо ниво на финансиска стабилност
На групацијата Триглав ѝ беше доделена висока оцена за кредитен рејтинг, “А-“, од страна на двете рејтинг агенции, Standard & Poor's и A.M. Best, како резултат на солидната капитализација, прилагодена на ризиците, добрите оперативни перформанси и доминантната конкурентна позиција на групацијата Триглав на словенечкиот пазар. Standard & Poor's на групацијата ѝ додели стабилна среднорочна прогноза, додека пак агенцијата A.M. Best ја унапреди среднорочната прогноза за 2014 година од “стабилна” во “позитивна”.
Високото ниво на финансиска стабилност беше потврденo со зголемувањето на вкупниот капитал на групацијата Триглав за 17% (688,1 милиони евра), како и 9% повисокиот вкупен капитал на матичната компанија (544,0 милиони евра). Бруто техничките резерви на групацијата Триглав се зголемија за 3% споредено со 2013 година (2,333,7 милиони евра), додека во матичното друштво се зголемија за 5% (2,060,0 милиони евра). Двете категории се гарант и основа за урамнотежено работење и обезбедување на долгорочна сигурност на нашите осигуреници.
Групацијата Триглав на 31. Декември 2014 година имаше вкупни средства во висина од 3.275,4 милиони евра (индекс 106), а Заваровалница Триглав 2,721,3 милиони евра, што е 7% повисоко споредено со крајот на 2013 година.
Оптимизација во управувањето со средствата
Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав: “2014 година беше предизвик, но сепак постигнавме одлични деловни резултати и ја одржавме
финансиската стабилност. Во 2015 година имаме амбициозни планови на понатамошно консолидирање и подобрување на резултатите од работењето на осигурителните и останатите компании во групацијата Триглав. Имаме намера да ги искористиме сите можности коишто ќе ги препознаеме на некој пазар, или во некој пазарен сегмент, во согласност со стратешките цели за раст и развој на групацијата. Истовремено, продолжуваме со разумна консолидација на сопственоста на зависните друштва во групацијата, со оптимизација во управувањето со средствата во групацијата и дезинвестирање на инвестициите во сопственичките удели на компаниите, чија дејност не е во согласност со стратегијата на групацијата.“
Ревидираните резултати на Заваровалница Триглав и групацијата Триглав за деловната 2014 година ќе бидат објавени на 3. Април, 2015 година, како што е предвидено во финансискиот календар.Групацијата Триглав, водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија и една од најголемите групации во југоисточна Европа, во Словени