Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, претседателот на црногорското Собрание Иван Брајовиќ и претседателот на црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ се само некои од имињата кои се наоѓаат на „црната листа“ на официјален Кремљ, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.Според црногорскиот весник, повикувајќи се на дипломатски извори, на оваа листа се и министри и пратеници кои се залагале за членството на Црна Гора во НАТО. Од црногорското Министерство за надворешни работи е најавено дека до руското министерство ќе биде испратена молба за да им се достави список од непожелни лица, но „Москва ниту има обврска, ниту намера за да ѝ ја обелодени таа листа на Црна Гора“.
Извор на „Побједа“, близок до руската дипломатија, тврди дека на „црната листа“ се сите членови на владата, пратениците, односно оние 46 пратеници кои гласале за Протоколот за пристапувањето кон НАТО, како и директори на поголеми државни компании.
„Списокот содржи имиња од најмалку 79 лица кои Москва ќе ги задржи на аеродромските пасошки контроли. Дури и пратениците од опозицискиот Демократски фронт ќе бидат проверувани кога ќе влегуваат во земјата“, рекол истиот извор.
Дневникот „Ден“, пак, во вторникот објавил дека на „црната листа“ се и членови на претседателвото на ДПС, 14 од нив, што значи и премиерот Душко Марковиќ, министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ, вицепремиерот Милутин Симовиќ и уште неколку други лица.Според црногорскиот весник, повикувајќи се на дипломатски извори, на оваа листа се и министри и пратеници кои се залагале за членството на Црна Гор



