ХААРП не е виновен: Ако верувате во теоријата на заговор, еве зошто не сте во право!

Циклоните, како што е Тамара, се формираат во тропосферата која се наоѓа во најнискиот слој на атмосферата, на висина од 0-12 километри. Системот ХААРП е формиран за да влијае врз подобро и поквалитетно праќање на радио бранови, кое се одвива во јоносферата, на висина од 85-600 километри. Не постои физичка можност ХААРП да биде одговорен за оваа катастрофа.Овие денови се шпекулира дека катастрофалните поплави што го погодија регионот се последица од програмата на ХААРП, па затоа се појави објаснување за тоа што всушност претставува оваа програма и која е нејзината улога.
Високо фреквентната програма за активно истражување на аурората ХААРП, се сет антени кои емитираат високо фреквентно (HF) радио зрачење. Овој систем на радио антени е дизајниран така што влијае на 85-200 километри од областа на Земјината атмосфера, односно јоносфера.
Јоносферата се наоѓа над озонската обвивка, па сосема е логично да се наоѓа под силно влијание на УВ и Х зраците, кои доаѓаат од Сонцето. Нејзината сјајна особина е тоа што поради големиот број на наелектризирани честици, јони и електрони, ги одбива HF радио зраците назад кон Земјата. Тоа е значајно, бидејќи тоа е принципот на работа на HF радиото. Американската војска го користи ХААРП за да комуницира со подморниците кои се наоѓаат на голема длабочина.

 
Меѓутоа, за време на геомагнетните бури и Сончевите факели, јоносферата трпи извесни промени кои можат да бидат такви, што радио комуникацијата би била целосно оневозможена. Целата на програмата ХААРП е да се решат овие проблеми, односно, да се постигне поквалитетна комуникација помеѓу радио брановите, пишува сајтот svetnauke.org.
Како и каде се формираат циклоните и дали ХААРП може да влијае на нивното формирање, а со самото тоа и на движењето на катаклизмичните врнежи за кои и ние самите сме сведоци?
Времето се формира во топосферата и зависи од голем број на параметри, пред се` од разликата во притисокот, температурата и влажноста на воздухот. Таа е најнискиот слој на атмосферата, на висина од 0-12 километри и составена е од водена пареа и флуорхлоројаглерод (аеросоли).
Кога во топосферата ќе се јават области на низок воздушен притисок, може да дојде до струење на воздухот во вид на вртлог, со тенденција да се изедначат нееднаквите притисоци. На овој начин настануваат циклоните, како што е циклонот Тамара (во Србија), а тие се проследени со ветрови и огромни количества на дожд.
Овие денови се шпекулира дека катастрофалните поплави што го погодија регионот се последица од програмата на ХААРП, па затоа се појави објаснување

Пронајдете не на следниве мрежи: