Хајндл повторно во Скопје на средби со потписниците на Пржинскиот договор

Loading...

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно доаѓа во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино.Хајндл, како што информира Германската амбасада, за време на дводневниот престој во Скопје, покрај со потписниците на Пржинскиот договор, ќе разговара и со претставници на меѓународната заедница.
Тоа ќе биде четврта посета на Хајндл на Скопје од почетокот на мај годинава кога беше назначен за специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнамер со мандат да помогне во надминувањето на политичката криза во Македонија.
При неговата последна посета на 8 јуни, Хајндл рече дека има излез од политичката криза во Македонија, а тој е содржан во Договорот од Пржино, поради што е неопходно тој да се реафирмира и ревитализира, без одолговлекување.
– Добрата вест е дека има излез од кризата, а тоа е договорот од Пржино, чии принципи и начела го поставуваат патот во правец на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес се одолговлекува, кризата продолжува да и нанесува штета на земјата и, искрено, времето изминува. Затоа мојата порака е дека е потребно да се реафирмира и ревитализира Пржинскиот договор како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес кој претстои, истакна Хајндл.
Тогаш тој наведе три работи што треба да се спроведат без одлагање. Прво, партиите да постигнат согласност за датумот на изборите и да направат се што е потребно за да се исполнат условите за слободни и фер избори. Второ, на специјалниот обвинител да му се овозможи да го исполни својот мандат без какви било опструкции и слободно. И трето, партиите да се согласат без какво било одложување за имплементацијата на итните реформски приоритети и да ги адресираат недостатоците посочени во Извештајот на Прибе.
Тоа, според него, може да се постигне ако политичките лидери ги стават интересите на земјата на прво место и ги спроведат неопходните реформи кои ќе и овозможат на државата да оди напред.Хајндл, како што информира Германската амбасада, за време на дводневниот престој во Скопје, покрај со потписниците на Пржинскиот договор, ќе разгов

loading...