Хакер постирал пропуст на Фејсбук директно на ѕидот на Закерберг

Палестински хакер тврди дека бил приморан пропустот кој што го нашол кај Фејсбук да го пријави директно на страната на Марк Закерберг, затоа што тимот задолжен за безбедност на социјалната  мрежа не го сфатил како критичен.Ранливоста ја пријавил човек кој е потпишан како Khalil, а овозможува објавување на туѓ ѕид при што немора да бидете пријател со личноста кај која објавувате. И сето тоа тој уредно го пријавил преку страна на Фејсбук која е наменета за пријавување на безбедносни пропусти и од каде што за секој реален безбедносен пропуст доделуваат минимална награда од 500 долари.
Сепак, ова не било признаено од страна на тимот на Фејсбук, дури и откако им кажал дека поставил линк на ѕидот кај девојка која студирала со Закерберг, а ја нема во неговата листа на пријатели.
Одговорот што го добил после второто пријавување, каде што предложил да го репродуцира проблемот на тест акаунт не некој од експертите за безбедност, бил „Извини, но ова не е пропуст“.

Откако го добил овој одговор, немал друг избор освен да го покаже ова на дело на ѕидот кај шефот.
На неговиот блог може да се погледне комплетната преписка со тимот од Фејсбук. Во продолжение има видео во кое го покажува пропустот.Ранливоста ја пријавил човек кој е потпишан како Khalil, а овозможува објавување на туѓ ѕид при што немора да бидете пријател со личноста кај која

Пронајдете не на следниве мрежи: