Според најновите податоци, хакерите упаѓаат во камерите во повеќе од 100 држави. Доколку имате инсталирано сигурносна камера која би можела да биде хакната, можеби токму во овој момент некој ве гледа преку интернет.Одредени веб страници емитуваат снимки од десетици илјади домови, канцеларии, па дури и училишта. Поради нивното емитување загрозена е безбедноста на сите, па дури и на бебињата кои нивните родители ги набљудуваат така што во собите им се инсталирани камери. Кој е виновен? Хакерите кои успеале да упаднат во системот на камерите, кои сопствениците воопшто не ги менуваат, или пак некој друг?
Во рок од два часа, новинарите на еден британски лист прегледале неколку интернет страници кои им се достапни на сите, а на кои се гледаат снимки од британските домови кои покажувале разни работи: бебиња во креветчиња, внатрешност на црковен простор во кој престојува свештеник, двајца мажи како јадат во кујна, постара жена која се одмора на каучот, тинејџер кој игра видео игри, момче кое спие на креветот…
Шпионирањето може да се спречи со менување на фабричките поставувања со кои доаѓа секоја камера.
-Тоа е апсолутно шокантно. Компаниите кои ги продаваат камерите би требало веднаш да им кажат на корисниците да ги сменат поставените лозинки. Ова би можело да биде повик за будење на секој кој има инсталирано камера во својот дом или канцеларија, изјави британскиот пратеник Џулијан Хуперт.Одредени веб страници емитуваат снимки од десетици илјади домови, канцеларии, па дури и училишта. Поради нивното емитување загрозена е безбедноста