Хамачек во официјална посета на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Јан Хамачек, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, за надворешно – политичките приоритети на Република Македонија, како и за актуелните случувања во регионот и Европа во однос на мигрантската и бегалската криза и новонастанатата безбедносна состојба.
– Двајцата соговорници изразија задоволство од континуираниот и стабилен политички дијалог на највисоко ниво, од меѓусебното пријателство и поддршка на билатерален и мултилатерален план, како и цврста подготвеност за јакнење на економските односи меѓу двете земји, се наведува во соопштението.
Претседателот Иванов ја поздравил меѓупарламентарната соработка, оценувајќи дека таа е особено значајна во насока на продлабочување на пријателските односи и градењето на меѓусебната доверба.
Во однос на македонското членство во ЕУ и НАТО, македонскиот претседател изразил благодарност за јасната и недвосмислена поддршка и изразил очекување дека и на претстојниот НАТО самит во Варшава, Чешката Република со несмален интензитет ќе ги подржи напорите за деблокада на македонските интеграции и прием на земјата во НАТО.
Во таа насока, претседателот Иванов потенцирал дека интеграцијата на Република Македонија како во Алијансата, така и во ЕУ, е од особено значење за стабилноста и безбедноста на регионот.
– Со цел успешно менаџирање и справување со мигрантската и бегалската криза, двајцата соговорници се согласија дека е неопходна засилена регионална соработка и размена на податоци во сферата на безбедноста. Воедно, беше констатирано дека е потребна заедничка стратегија на ЕУ и координирана меѓународна акција за решавање на предизвикот, стои во соопштението.
Претседателот Иванов посочил дека иако Македонија е силно погодена од кризата и има преоптоварени капацитети успешно ја менаџира состојбата и ги почитува сите меѓународни обврски во третманот на мигрантите. Во таа насока македонскиот претседател изразил благодарност за добиената помош од Чешката Република.
На средбата биле разменети мислења околу актуелните случувања во регионот на Југоисточна и Централна Европа. Имајќи ја предвид зголемена опасност од терористички напади, двајцата соговорници се согласија дека е потребна поширока меѓународна соработка и воспоставување на подобра комуникација и координација меѓу сите земји во борбата против тероризмот, се наведува во соопштението.Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држ

Пронајдете не на следниве мрежи: