Хаосот снимен со камера

27 март со почеток во 20 часот | ДИСКАВЕРИ канал
Колкумина од нас биле сведоци или дел од некоја живото-загрозувачка ситуација? Тоа се слики што остануваат засекогаш врежани во главата. Но што кога во таква ситуација со себе имате уред и ја снимите целата несреќа? Може ли преку снимката да ги откриете причините за несреќата како и случувањата после неа?Токму ваквите ситуации се дел од новиот серијал на Discovery Channel,''Хаосот снимен со камера’’ кој ги истражува шокантните снимки кои се снимени од учесници во самите несреќи. Во секоја епизода се истражуваат несреќи од катастрофални временски услови до најлошите катастрофи предизвикани од човечки фактор. Следете ги неверојатните приказни за човечката издржливост и преживувањето, катастрофални градежнички грешки, снимки од фатални несреќи и напади од животни. Снимките се од самите учесници во несреќите, со тоа и изворно ги покажуваат ситуациите опасни по живот кои дополнително се реконструирани а се со цел да се открие вистината позади секој неверојатен момент.
 
“Хаосот снимен со камера” ги прикажува сите тие драматични моменти и се фокусира на емоциите и научите објаснувања позади секоја снимка, а првата епизода е веќе во петок од 20:00 часот.Токму ваквите ситуации се дел од новиот серијал на Discovery Channel,''Хаосот снимен со камера’’ кој ги истражува шокантните

Пронајдете не на следниве мрежи: