Хеланки за селјанки?

Доколку сте граѓанин на оваа планета, не е возможно да не сте го забележале најновиот додаток во модата на понежниот пол од 8 до 28 години. Зборувам за трендот наречен хеланки со најразлични животински принтови и не толку живописни бои, всушност неодамна се појавија и розови, зелени и сини тигри, па горенаведеното излегува од игра.
Се молат припадниците на посилниот пол да не ми замерат што искажувам негативен став во врска со една од нивните омилени работи, хеланките. Но, јас немам ништо против тоа девојките да носат хеланки, секако доколку пропорциите им дозволуваат, нема потреба да навлегуваме во тоа сега иако е доста проблематична тема по нашиве улици.

Хеланки се една работа, а хеланки со принтови сосема различна. Станаа толку популарни што од хеланки со принт, преминаа во комбинација од истите модерни хеланки со уште помодерна зебраста блуза или фризура и шминка од репертоарот на Лејди Гага.  Кој не верува нека ги провери последните галерии од изминатиов викенд од нашиве дискотеки.
Најтрагичниот дел од целата ситуација е тоа што, не се само на фотографиите од дискотеките. Што ги има на Фејсбук ги има. Ама, дали дење или ноќе, се свртиш лево тигар, се свртиш десно зебра, и добиваш криза на идентитет. Мораш и ти да дознаеш кое животно си и во која категорија влегуваш. Оваа што е најзастапена кај нас, или онаа другата, кај оние со право на избор.

Единствено, се радувам што нашиве девојки кои имаат свое јас, личен идентитет, сопствен стил дигаат глас против тортурата, јавна, мозочна и сетилна, сеприсутна и  секако незаменлива предизвикана од виновникот наведен во насловот на овој текст. Секој има право на избор, униформираноста е тоа што ми смета.
Еднаквоста меѓу луѓево ги премина сите граници или пак беше погрешно сфатена од девојчината. На тие помалите, ќе им простиме. Останатите, се молат веднаш да заминат во потрага по свој идентитет. Доколку сте граѓанин на оваа планета, не е возможно да не сте го забележале најновиот додаток во модата на понежниот п

Пронајдете не на следниве мрежи: