Хилари Клинтон ќе сведочи пред Конгресот за нападот во Бенгази

Сослушувањето пред Конгресот на САД, на американската државна секретарка Хилари Клинтон за нападот од 11-ти септември 2012 година врз американскиот конзулат во Бенгази кога беа убиени амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца припадници на обезбедувањето ќе се одржи на 23-ти јануари.
Ова во понеделникот го соопшти претседателот на комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот Ед Рајс. Тоа значи дека државната секретарка Хиалри Клинтон ќе биде сослушана само неколку дена пред да ја напушти владата на американскиот претседател Барак Обама. „Мојата намера е да се концентрирам на тоа сослушување врз причините поради кои тој напад не бил подобро антиципиран, кои се грешките на функционерите на Стејт департментот, како и кои недостатоци на функционерите треба да се исправат за подобро да ги обезбедат нашите дипломатски комплекси во странство и да се заштитат нашите дипломати“, изјави републиканецот Ед Ројс. Хилари Клинтон првично требаше да сведочи на 20-ти декември, меѓутоа поради вирозата и потресот на мозокот нејзиното сослушување пред комисијата на коешто инсистираат републиканците, мораше да биде одложено. Во нападот на вооружена исламистичка група од 11-ти септември 2012 година врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази, беше убиен амбасадорот на САД во Либија Кристофер Стивенс и уште тројца дипломатски службеници, припадници на тајните служби, а уште десет лица беа ранети. Истрагата за овој напад, којашто сé уште трае, предизвика многу контроверзии во американската политика, при што опозициските републиканци коишто го имаат мнозинството во Претставничкиот дом на Конгресот инсистираат на одговорноста за последиците од инцидентот на администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама и на Стејт департментот поради пропусти во обезбедувањето и бавна реакција на нападот, кои според нив придонеле за загинувањето на американскиот дипломат. Државната секретарка Хиалри Клинто треба да ја напушти функцијата по инаугурацијата на претседателот Барак Обама на 21-ви јануари, а откако Сенатот ќе го потврди неговото именување, неа ќе ја замени демократскиот сенатор Џон Кери.
 
МакфаксСослушувањето пред Конгресот на САД, на американската државна

Пронајдете не на следниве мрежи: