Хилари Клинтон откри: Мојот однос со Владимир Путин е…

Поранешната државна секретарка и кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, призна дека ѝ било тешко да соработува со рускиот претседател Владимир Путин, кого го карактеризираше како силеџија, но дека нивниот однос е полн со почит.„Мојот однос со него… Тоа е интересно. Мислам дека е полн со почит. Имавме неколку комплицирани ситуации. Знам дека тој е личност пред која треба цврсто да се брани сопствениот став“ – признала Хилари за време на претседателската дебата на Демократската партија.
Таа го спореди Путин со силеџија кој може да земе сѐ што ќе посака само ако не некој не му се спротистави. Во врска со тоа, Клинтон смета дека САД треба да соработуваат со европските земји. Таа нагласи дека била среќна што ЕУ воведе санкции против Русија поради случувањата во Крим и во Донбас.
„Треба заедно да се држиме и да не му дозволиме на Путин за заземе поагресивна позиција во Европа и на Блискиот исток“ – додала таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: