Хилари Клинтон во одбрана на обвинет силувач на дете: Медиумите го кријат настанот

Според снимката објавена во неделата од страна на Washington Free Beacon, Хилари Клинтон во старо интервју покажува дека знаела дека нејзиниот клиент е виновен, кога го бранеше од наводно силување на 12-годишно девојче.Пишува Т.Бекет Адамс за Washington Examiner
„Тоа е фасцинантен случај“, вели во интервјуто 28-годишната Клинтон која го зема случајот во 1975 год. „Човекот беше обвинет за силување на 12-годишно девојче. Се разбира, тврдеше дека не е виновен, и сето тоа.. Помина на полиграф, што засекогаш ми ја наруши довербата во полиграфите“, додава таа.
Потоа, со потегот, што подоцна станува својствен за одговорот на обвиненијата за сексуални злодела на Тимот Клинтон, Хилари го нападна кредибилитетот на 12-годишното девојче, тврдејќи на суд дека е „емоционално нестабилна“, и дека има „стремеж да фантазира за постари мажи“.
Таа додава: „Експерт во детска психологија ми кажа дека децата во раната адолесценција и оние во нестабилни семејства, како ова девојче, се склони на сексуално фантазирање и преувеличување“.
Таа додава и дека „девојчето и во минатото лажно обвинувала други, за кои тврдела дека ја нападнале“, и дека „оваа тврдоглавост ја покажува кога не и оди според планот“.
Клинтон го бранеше клиентот со доказ најден на местото на наводното силување. И успеа: Нејзиниот клиент, наместо 30 години затвор доби само една, и беше условно пуштен по 10 месеци за добро однесување.
Се разбира, погрешно е мислењето дека таа не требала да го земе случајот. Секој има право на фер судење, без разлика на криминалот.  Но, може да се оспори начинот на кој го бранеше. Зарем едно фер судење смее да вклучува огрдување на карактерот на 12-годишно девојче, што според зборовите на самата Клинтон, најверојатно било силувано во ливада од страна на 41-годишен работник во фабрика?
Постојат и понатамошни докази за недоличното однесување на Клинтон како адвокат. Според Роналд Ротунда, професор по правна етика на Универзитетот во Чапман, спомнувањето на детекторот за лаги и на фактот дека нејзиниот клиент е веројатно виновен, прекршуваат повеќе правила и покажуваат дека Клинтон ќе каже или направи се што е потребно за да победи, дури и ако тоа вклучува напад на достоинството на дете, и опкружување со луѓе желни да создадат бизарни теории на заговор во нејзина корист.
Ова не води до следното прашање: Како медиумите ќе одговорат на новата снимка од Washingron Free Beacon? Како народот што неуморно ја следеше Клинтон низ кампањата ќе реагира на нејзиниот обид да го уништи достоинството на 12-годишното девојче-жртва на силување?

Постојат две предвидувања:
Најпрво, медиумите ќе ја прикријат приказната, со оглед на фактот дека Клинтон се кандидира за претседател и дека е можно да биде прашана за ова.
Второто сценарио е дека ќе биде одбранета со изговорот дека „таа само си ја вршела работата“. Сепак, интересно ќе биде ако медиумите го земат во предвид нејзиното жестоко бранење на жените.
Неколку големи весници, како Huffington Post, Politico и BuzzFeed, во 2012 посветија абсурдна количина на ресурси да ги сокријат коментарите околу случајот, и ќе биде интересно да се види дали истите групи, што патем се борат за „репродуктивната правда“, против „говорот на омраза“ на Џорџ Вил, и влијанието врз „јавната политика“ на Римокатоличката црква, ќе најдат простор да го спомнат обидот на Хилари да го наруши достоинството на наводната 12-годишна жртва на силување.
Или можеби овие весници говорат за вакви прашања само кога се во прашање Републиканците?
Последното можно сценарио е медиумите целосно да ја игнорираат приказната со одбраната дека се „стари вести“. Случајот беше во 1975, таа го одбрани, тој си го отслужи своето и почина во 1992 год. Што е воопшто важна нејзината стратегија на одбраната?
Сепак, ако нешто научивме од изборите за претседател во 2012 год., тоа е дека ниедна приказна не е престара и ниеден грев не е премал за да заслужи 24-часовна покриеност од медиумите.
Истите луѓе кои ги објавија „скандалите“ како оние за кучето на поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, или гувернерот на Тексас Рик Пери, што поседувал ранч ишкртан со расистички графит (а подоцна се покажа дека не бил негов имот), не смеат веќе да се жалат дека тоа се „стари вести“.
Ако потстрижувањето на дете од страна на Ромни во средно училиште е причина за бесконечни анализи и негодувања од страна на кабловските водители и политичките интелектуалци, тогаш сигурно дека растргнувањето на угледот на 12-годишното девојче во одбрана на човек обвинет за силување пред 40 години заслужува барем некаква покриеност од медиумите.
Или можеби премногу очекуваме?Пишува Т.Бекет Адамс за

Пронајдете не на следниве мрежи: