Хиршер ја потврди класата, го освои златото во слалом

Марсел Хиршер го освои златниот медал на слаломската трка со која заврши Светското првенство во Шладминг.Пред домашната публика, најдобриот слаломист на денешницата, дојде на целта со време од 1:51.03 минути, што за 42 стотинки беше побрзо од времето на вторпласираниот Феликс Нојројтер од Германија.Радоста на домаќинот на алпскиот Мундијал ја надополни Марио Мат, кој го освои бронзениот медал, зад сонародникот Хиршер тој задоцни за 65 стотинки.24-годишниот Хиршер во последната трка на Светското првенство и’ го донесе единствениот златен медал на Австрија во поединечна конкуренција.Македонскиот репрезентативец, Антонио Ристевски, слаломската трка ја заврши на 49-то место.
МакфаксМарсел Хиршер го освои златниот медал на слаломската трка со која заврши Светското првенство во Шладминг.П

Пронајдете не на следниве мрежи: