Азискиот слон-Рајан ги обожава морските длабочини. Тој е единствениот слон кој плива и сака да нурка.
Некогаш Рајан ги влечел бродовите до копното и притоа поминал напорен тренинг поради кој може да издржи долго под вода.
Меѓутоа кога „професијата“ ја загубил, одлучил дека отсега само ќе ужива.
Па така сега само плива и задоволство и им дозволува на пливачите да му се придружат.
-Рајан оди на капење два три пати месечно и ако не сакате да одите со него на капење тој оди сам- наведе австралискиот фотограф Волфганг Цвикангл.
Слоновите обично сакаат да се бањаат во реки, а Рајан е единствениот кој се капе во морето.
Сега има 64 години, тежок е помеѓу три или четири тони, „пензиониран“ е, а оттогаш плива рекреативно.
Азискиот слон-Рајан ги обожава морските длабочини. Тој е единствениот слон кој плива и сака да нурка.