Хитлеровите чудовишта од Јура: Нацистите планирале да ги оживеат одамна изумрените животни!

Нацистите и нивниот водач Адолф Хитлер, планирале да ги „оживеат“ праисториските европски животни, кои изумреле пред 9.000 години, за да ги користат за спортски лов.Меѓу саканите пленови се нашле диви бикови, кои се нешто повисоки од два метри и со големи рогови. На чело на тој проект бил Херман Геринг, кој бил десна рака на Хитлер и страствен ловец.
Оваа информација ја откриле авторите на документарецот за Хитлер „Хитлеровите чудовишта од времето на Јура“.
Авторите на филмот истакнуваат дека ловот на диви животни во европските шуми бил дел од нацистичката визија за создавање на врска помеѓу дамнешните германски племиња и верувањето дека тоа би донело дополнителен кредибилитет за германскиот народ, пишува Дејли мејл.

 
Геринг ги проучувал древните текстови за изумрените животни и цртежите во пештерите, а планот му бил да ги пари животните од зоолошката градина и потоа да ги пушти во остатокот од прашумата во Полска, која некогаш се простирала низ европската низина.
Доктор Тоби Такер, професор на Универзитетот Кардиф, истакна дека тоа бил амбициозен обид на нацистите да се поврзат со историјата и да прикажат дека веќе „долго се тука“.
„На Геринг ловот му беше една од најголемите активности и верувал дека ловењето на диви и силни животни би му зајакнала желбата за тоа хоби. Тој сакаше Источна Европа повторно да ја насели со тие животни, а ловот на диви бикови би бил ултимативниот ловечки предизвик“, вели Такер.
Лошите вести од фронтот и забрзаниот пад на нацистичка Германија го спречија Хитлер да ги оствари овие планови.
 Меѓу саканите пленови се нашле диви бикови, кои се нешто повисоки од два метри и со големи рогови. На чело на тој проект бил Херман Геринг, кој бил

Пронајдете не на следниве мрежи: