H&M го забрзува ширењето на продавници по падот во првото тромесечје

Вториот по големина синџир на продавници за облека на светот Hennes&Mauritz одлучи да го забрза ширењето на мрежата на продавници и покрај слабата побарувачка во Европа и падот на добивката во првото фискално тромесечје.Главнината на работењето на шведската групација се одвива во Европа, каде должничката криза и порастот на невработеноста ја пригушија потрошувачката.„Првото тромесечје го одбележа предизвикувачка ситуација за модната малопродажна индустрија на многу наши пазари, воглавно поради продолжената тешка макроекономска клима, но и поради неповолните временски прилики во еден дел од тромесечјето“, изјави извршниот директор Карл-Јохан Персон.Попустите ја снижија бруто маржата во периодот од декември до февруари на 55,2 отсто, од 55,8 отсто забележани претходната година.Добивката пред оданочување во наведениот период изнесувала 3,23 милијарди круни (околу 500 милиони долари), наспроти 3,7 милијарди круни колку што изнесуваше во првото тромесечје од претходната фискална година.Од компанијата најавија дека во тековната фискална година планираат да отворат нови 350 продавници, во однос на првично планираните 325 и дека се подготвуваат за пробив на австралискиот пазар.
МакфаксВториот по големина синџир на продавници за облека на светот Hennes&Mauritz одлучи да го забрза ширењето на мрежат

Пронајдете не на следниве мрежи: