Хмирова: Си велев дека никогаш да играм во Македонија, но ете…

Татјана Хмирова, младата руска репрезентативка која се најде во дрим-тимот на ЖРК Вардар СЦБТ, за официјалниот сајт на клубот изјави дека по Европското Првенство во 2008, кое се одржа во Македонија, донела одлука дека никогаш нема да настапи за македонски тим, поради тоа што тогаш немала убави впечатоци за градот. „Со репрезентацијата на Русија играв овде на Европското првенство во 2008-мата година. Тогаш, искрено не помислував дека еден ден ќе дојдам да играм и да живеам во Скопје. Тогаш немав многу убави впечатоци за градот. Бевме сместени во еден лош хотел, невидов ништо убаво од Скопје. Се сеќавам дека тогаш си велев дека ако некогаш играм во некој друг клуб во Европа, никогаш нема да дојдам да играм во Македонија“ беше дел од изјавата на Хмирова за официјалниот сајт на ЖРК Вардар СЦБТ.
Хмирова во продолжение од интервјуто, вели дека полека но сигурно се навикнува на новата средина и дека и се допаѓаат и Македонија и Скоје, бидејќи луѓето биле насмеани и расположени.
Фото/Извор/Изјава: zrkvardar.com.mk„Со репрезентацијата на Русија играв овде на Европското првенство во 2008-мата година. Тогаш, искрено не помислу

Пронајдете не на следниве мрежи: